Нов трипл дабл на Јокиќ, но и нова нервоза и техничка

Само два дена откако беше исклучен поради две технички грешки, Никола Јокиќ повторно се најде во нетипична ситуација за него, да биде испровоциран и да демонстрира нервоза.

На само 4 минути до крајот на мечот против Орландо при нерешен резултат, Јокиќ успеа без намера во борба за топка да го турне Џејлен Сагс, а потоа некако несмасно и во нервоза мафташе со рацете и повторно го собори.

Судијата му додели техничка грешка, а Орландо стигна до триумф од 124:119.

Инцидентот го фрли во сенка новиот трипл дабл на Србинот, број 6 сезонава, со учинок од 30 поени, 13 кока и 12 асистенции.

Шампионот го бележи третиот пораз на последните четири натпревари. 

 
23 ноември 2023 - 08:34