Под магливото огледало во импровизирана соблекувална не поголема од плакарот за складирање опрема, седат 11 жени кои со широко отворени очи го слушаат говорот на тренерот. Сцената е иста како и на сите други колеџи низ целата земја, но оваа е сепак поинаква од било која друга во историјата на кошарката.
12 минутниот говор на тренерот го слушаат 10 жени на возраст меѓу 18 и 20 години и на една на возраст од 50 години, највисока и најмускулеста во просторијата. Се вика Габриел Лудвиг.
„Излези и биди Габриел кошарката. Напорно работеше за да стигнеш овде“ и рече тренерот Кори Каферата.
Лудвиг е нервозна. Долго време е желна за овој момент. Прашањето е дали сè уште може да игра? Што ќе чуе од трибините од страна на возрасните? Што ли ќе шепотат нејзините противници на терен? И дали ќе може да ги контролира своите емоции? Вечерва пред гледачите кои ќе ја бодрат и ќе ја проколнат, таа ќе го притисне копчето за ресетирање на нејзиниот живот.
„Ќе го скандираат твоето име, ќе го скандираат твоето име“, ја уверува тренерот пред мечот.
Малкумина надвор од соблекувалната знаат дека таа има 50 години и дека последен пат играла кошарка на колеџ во 1990-та, како маж. Тие не ја знаат нејзината одисеја. Еден неуспешен обид за самоубиство, два неуспешни брака, една 19 годишна ќерка која инсистира да и се обраќа со „тато“ и две девојки кои ја викаат мама Габи.
На терен се забележуваат разни реакции, шепотења и судија жена која ја погледна во очи и одби да и подаде рака. Сето ова поттикнато од напнатоста помеѓу желбата на една личност да игра кошарка и околината што се обидува да и го сфати животниот пат.
Соиграчите ја нарекуваат Габи, Џин или Биг секси, а таа е родена како Роберт Џон Лудвиг во Германија. Таткото никогаш не го запознала и живеела со мајка и Елфи и Ал, инаку воено лице во кое се заљубила Елфи откако заминале во Америка.
Детството и било со позитивни искуства, вели Лудвиг, освен чувството дека нешто страшно го убивало од внатре секогаш кога ќе се погледнела во огледало. Во секоја прилика ги пробувал фустаните на мајка и експериментирала со шминкање, но сето тоа во брзање за да не ја фатат.
По преселувањето во САД кога имал 9 години, борбата била поизразена, а неговото тело не се совпаѓало со духот. Лудвиг се прашувал дали е геј. Неможејќи да најде одговор на она што го прогонува избегал од дома, а со пубертетот открил дека кон жените има поголема привлечност.
Но Лудвиг вели дека бил незрел и дека не сакал да биде на колеџ, а тимот го напуштил по еден семестар.
Потоа ќе започне осумгодишен престој во морнарицата во време кога патувал низ цел свет, како техничар за борба против воени авиони. Незадоволен од политиката околу војната, го згужвал писмото од Претседателот Буш кој му се заблагодарил за услугата.
Додека демнеел на маргините на глобалниот конфликт, оној внатре му беснеел, а најлесно се чувствувал во перика, кармин и молив за очи, како и софистициран фустан додека се дружел во ноќните клубови со хетеросексуалните пријатели на морнарицата во Сан Франциско.
Облекувањето како жена не било сексуална желба, туку начин да се поврзе со неговата неусогласена душа, почеток на пронаоѓање себе си. Во Сан Франциско добил совет од пријателка како да разговара со лекарите за да може полесно да добие женски хормони.
Ги земал скришно од сопругата по што му пораснале гради, мислејќи дека ќе остане незабележан. Но како тоа да го криеш од сопругата, вели Лудвиг. Доаѓаш дома, ја одврзуваш кошулата и таму има гради, што значи сигурно ќе добиеш дома прашање.
По 11 години брак, следувал развод и раѓање на нивната ќерка Џанел Лудвиг. Заливот помеѓу она што го чувствувал внатре и она што го гледа во огледало се проширил со текот на годините. Лудвиг знаел дека внатре е жена, но однадвор останал во сива зона, што бил најболниот период во нејзиниот живот.
„Се гледате во огледало, имате гради и развивате женско тело, а имате машки гениталии, Се чувствувате некако откачено, како да сте заглавени во бездна“, вели Лудвиг.
Интернетот и помогнал да открие дека не е сама и дека страда од дисфорија (пореметување на родовиот идентитет), како трансродоф, некој што зема хормони, но не е целосно преминат во друг. Продолжил со операција за промена на полот од една причина. Сакаше да и даде на Џанел слободен дух.
„Имам еден татко и една мајка. Без оглед на тоа како се претставуваш, секогаш ќе биде мој татко“, вели ќерка му.
Во јули 2012 Лудвги направил операција за промена на полот и кога се вратил на работа, бизнис картичките, плочката со името на кабинетот, мејлот и слично содржеле исто име – Габриел Лудвид. Така ја кренал завесата за нов живот.
Тогаш погледнала во нејзината вистинска страст: кошарката. Заедно со нејзе живее и нејзината партнерка Тереза Фокс со две ќерки кои ја нарекуваат мама Габим. Лудвиг им е инспирација поради посветеноста кон непрофитабилниот младински кошаркарски клуб.
Но Лудвиг повторно е со мислите да заигра кошарка на колеџ, а во сериозната намера за кам бек и помогнал тренерот Кори Каферата кој се состанал со атлетскиот директор на колеџ лигата, Мајк Перез, кој не се двоумел околу тоа дали Лудвиг треба да игра.
„Ова е посебно време за сите нас, не спортот, туку светот во кој живееме е одлична можност за сите да научиме“, вели Перез.
Лудвид вели дека е засекогаш благодарна за напорите на нејзиниот главен тренер и атлетски директор, кој ја стави својата репутација на ризик и покрај надворешните критики.
Во петокот наутро, Лудвиг седна во Врховниот суд на калифорниската област Аламеда, каде што судијата донесе одлука дека сега е законски признаена како жена во државата Калифорнија. Нејзините соиграчи се израдуваа, а некои од нив велат дека научиле за борбите во животот од неа.
„Ако некогаш каже нешто од типот на `Па јас го правев ова или она`. Што во 1920-та? И таа само ќе се насмее. Знае дека не и судиме“, вели Андерсон со која играат во ист тим.
Инаку Лудвиг не дели соба со соиграчите поради разликите во возраста. Таа разговараше со тимот пред неколку недели и им рече дека никогаш не би сакала да ги загрози. Понекогаш се прашува дали некој што ја мрази бидејќи е во тимот, ќе ја следи со куршум в рака.
Нејзините соиграчи делумно ја прифаќаат без двоумење, бидејќи велат дека често се чувствуваат како аутсајдери.
„Дискриминирани сме од различни причини и сме навикнати. Или сме лезбејки или сме различна раса или се облекуваме како машки или имаме пирсинг, тетоважи, различни фризури. Сите сме веќе различни“ вели Андерсон.
Лудвиг не добива поддршка од сите гледачи, па се појавуваат разни коментари преку кои треба да помине.
„Мислам дека е смешно што игра на 50 години со деца, а тоа што порано била машко го прави двојно посмешно. Проклетство, луѓето прават сè во денешно време“.
„Ова едноставно не е во ред. Ако јас ставам гради, тогаш ќе кажам дека сум жена и ќе играм со нив. За мене ова е вид на мамење“.
„Не ја сакам во истата соблекувална со ќерка ми. Земе те го Шек, исечето му го пенисот и ќе го ставиме заедно со девојчињата. Која е разликата?
Кошаркарката Ана Камерон прашува:
„Машките лиги нема да ја прифатат, нели? Па каде да оди? Треба да игра некаде, бидејќи таа ја сака кошарката“.