НБА сведочи нова историја, Бам Адебајо го урна рекордот на Коби Брајан од 81 поен

Мајами ноќеска гледаше нешто што се случува еднаш во неколку децении. Бам Адебајо постигна неверојатни 83 поени на мечот против Вашингтон Визардс. Само Вилт Чемберлен е пред него.

Foto: instagram.com/bam

Мајами Хит го доби Вашингтон со 150:129, а Адебајо постигна повеќе од половина поени на својот тим.

Одигра историска ноќ со 83 поени, 9 скока, 3 асистенции, 2 блокади и 2 украдени топки. Само во првата четвртина постигна 31 поен и со тоа ја најави лудата ноќ.

Во просек шутираше 13 од 21 од поле, 7 од 22 за три поени и 36 од 43 од слободни фрлања.

Со овој подвиг ја надмина легендарната ноќ на Коби Брајан, кој во 2006 година постигна 81 поен против Торонто Репторс.

Бам Адебајо сега го држи вториот најдобар учинок во историјата. Првата позиција е резервирана за Вилт Чемберлен, кој во 1962-ра даде 100 поени. Коби е сега трет.

Чемберлен го држи и четвртиот најдобар учинок од 78 поени, а петтиот од 73 поени го дели со Дејвид Домпсон и Лука Дончиќ. Личниот рекорд на Мајкл Џордан на пример изнесува 69 поени, а на Никола Јокиќ 61.

Цела арена стана на нозе за да го поздрави човекот кој помести нова граница во модерната кошарка.

11 март 2026 - 08:52