Влегувањето на нови „играчи“ на евролигашката мапа (како Дубаи и Хапоел) и порастот на апетити на најголемите клубови (Панатинаикос и Олимпијакос пред сите) но промената на климата во НЦАА лигата во САД чии клубови сега според ново правило смеат да плаќаат милиони долари за млади европски таленти, доведе до тоа финансиските послаби клубови да мора да преземаат радикални чекори за да се заштитат.
„Постојат клаузули кои нема да го одбијат претседателот на Панатинаикос или сопственикот на Хапоел Тел Авив или Дубаи кои го плаќаат тоа што сакаат да го добијат“, вели спортскиот директор на Валенсија Луис Арбалехо за шпанска „Марка“, а пренесува Б92.
Арбалехо неодамна ја продолжи соработката со Валенсија до 2030. Тоа е еден од творците на големото чудо минатата сезона кога Валенсија стигна до Фајнал 4 Евролига со многу компактен состав од кој летово заминаа најголемите ѕвезди и лидери.
„Она што некогаш се сметаше за астрономски надоместоци сега се претвори во стандардни деловни трошоци за моќните тимови на Евролига. Ако до вчера милион евра беа многу, денес се ништо“, вели Арбалехо и додава дека „без оглед на тоа колкави се клаузулите во кошарката, и понатаму не се такви да можат да ги одвратат големите богатите клубови од своите намери“.
„Претходно милион беше многу а сега може да бидат и пет или шест милиони, но веројатно ќе бидат платени“.
Валенсија летово ја напуштија одличниот тренер Педро Мартинез чиј договор го откупи Реал Мадрид како и ѕвездите на екипата како Хаиме Прадиља, Жан Монтеро (Олимпијакос) и Бранку Бадија (Панатинаикос).
Валенсија ја освои шампионската титула во Шпанија и стигна до Ф4 на Евролига каде во полуфинале изгуби од Реал Мадрид. Во меѓувреме тие во своите редови го донесоа Ти-Џеј Шортс и Омари Мур, и обајцата натурализирани македонски репрезентативци.
Како пример за сериозно поместување на границите, Марка наведува дека Хапоел Тел Авив по секоја цена запна да го доведе Томас Вокап од Олимпијакос. Овој грчки репрезентативец често беше и бек-ап опција во клубот од Пиреја кој ја освои европската шампионска титула. За него Дубаи ќе плати 2,6 милиони евра откуп на договорот според клаузулата и на негови 33 години му дава договор од 9,6 милиони долари за три сезони што до скоро беше незамисливо во Евролига.