Нашите единствени претставници во најелитното европско кошаркарско натпреварување со триумф го завршија 5 коло во фазата по групи. Во тежок и израмнет натпревар Фенербахче успеа конечно да издвои победа на европската сцена и со резултат од 85:82 славеше на домашен терен против рускиот претставник Химки.
Македонскиот плејмејкер имаше голем удел во триумфот на својот тим со 16 поени, 5 украдени топки и 4 асистенции, Давид Андерсен уфрли 18 коша, а најдобар учинок кај турскиот тим имаше Бојан Богдановиќ со 26 коша, 4 скока и 2 асистенции.
Неизвесен натпревар одигра и тимот на Олимпијакос на гостувањето во Израел. Грчкиот претставник фантастично ја започна првата четвртина со резултат 30:19, но имаше огромен пад во играта во третиот период кога уфрли само 13 поени, а прими 29.
Тоа придонесе за драматична и неизвесна завршница во која гостите на 3 секунди до крајот имаа поен предност и две слободни фрлања. Но по промашувањето на двете, домаќините тргнаа во контра и постигнаа кош кој ќе важеше доколку имаа уште само неколку стотинки на располагање.
Нашиот интернационалец имаше слаба партија и постигна само една тројка и оствари 3 скока за 13 минути игра. Творци за триумфот на Грците беа Спаноулис со 24 и Принтезис со 16 коша.
Во следното коло кое е на програмата на 31 јануари ќе имаме можност да гледаме "македонско дерби" помеѓу Перо Антиќ и Лестер Бо Мекејлеб кое се игра на грчки терен.