Канаѓанец би можел да стане највисок играч во историјата на НБА

Деветнаесет годишниот Оливие Риу неофицијално важи за највисокиот тинејџер на свет. Тој игра кошарка за Универзитетот Флорида. Веќе е толку познат што постојано дава автограми, интервјуа, а со него се фотографираат и околу него се собираат љубопитни минувачи. Висок е 2.36 сантимери.

Оливие Риу влегол неодамна во Гинисовата книга на светски рекорди како највисок (официјално пријавен) тинејџер на светот.

Канаѓанецот игра за Флорига Гаторс и наскоро би можел да биде пријавен на НБА драфтот па доколку добие шанса и договор од некој од тимовите, би можел да стане највисокиот човек кој некогаш заиграл во НБА. А имаше прилични натприродно високи кошаркари, како Романецот Ѓеорѓ Мурешан, Србинот Бобан Марјановиќ, Суданецот Мануте Бол, Сенегалецот Тако Фол.

Риу (висок 236 сантиметри) сè уште не играл официјално за екипата, често бил на клупата за резерви во тимот Флорида Гаторс чиј тренер Тод Голден потврдил дека одлуката младиот Оливие се уште да не игра и да биде резерва е донесена заеднички на состанок меѓу семејството на младиот кошаркар и тренерите. Сите се согласиле дека е најдобро тој да се фокусира на својот развој пред да ја започне својата колеџ кариера.

Тренерот Тод Голден додал и дека ќе биде „предизвик за Риу да влезе во ротација и следната сезона, но не ја отфрла можноста да го стави во игра ако продолжи вредно да тренира.

Оливие Риу е роден во Квебек, во Канада. Тој имал ограничени опции за тоа каде ќе учи средно школо и притоа да игра за кошаркарскиот тим. Добил понуди од Флорида, од Стетстон и од Флорида Атлантик.

Тој полека станува популарен во САД каде за него се пишува се почесто, а наскоро доколку заигра, би можел да добие огромен број следбеници на друштвените мрежи и да заработи милионски договори од спонзорства со големите компании.

Станал уште попознат откако во неделата му дале ножички да исече дел од мрежичката на едниот кош, традиционален ритуал по триумфи во кошарката, овојпат откако неговиот тим Флорида Гаторс ја освоил титулата во Југо-источната конференција во неделата.

„Се чувствувам чудно поради тоа зошто гледаш многу договори тешки милиони долари како се потпишуваат и јас сум во стилот: 'Леле, тоа се многу пари! Се чувствувам како ќе бидеме добри“, рекол Оливие Риу за Асошијетед Прес.

Неколку пати го викнале на разни шоу настани, а тој вели дека не ужива баш во возење со брод или што било што би му предизвикало мачнина. Како на пример ролеркостери. На неодамнешно патување во Алабама каде неговиот тим Флорда Гаторс имале во летот силни турбуленции поради страшно време рекол: „Беше страшно и не ми се допадна“.

Сега планирал да снима видео на отворено море насловено како „Авантурите на Оливие“ и да сними неколку епизоди. Но не знае како ќе биде „триметраш“ во кабина.

Во крузер никогаш не се возел, а кабините во нив немаат многу простор ниту високи врати за толку висок човек.

Оливие Риу добивал шанса само на пријателски натпревари пред сезоната. „Процес е. Добро се чувствувам со тоа. Чувствувам како добро да сум сработел. Тренинзите се нешто сосема друго. Не играч многу колку што сакаш, но пак мора да се докажеш колку што тие сакаат да се докажам“.

Оливие Риу игра за младинските селекции на Канада.

Тренерот Тед Голден вели:

„Тој (Риу) е многу поскочен сега отколку кога дојде тука и ние секогаш мислиме дека Оливие е нешто како долготраен проект така што да се зборува.... 

1 април 2025 - 11:59