Каква чест за Јокиќ, во Вашингтон му скандираа „МВП“

Нова асистенција без да гледа или „No look pass“, мајтапење под кош во стилот на Олајџувон, 26 поени само во прво полувреме и на крај признание за титулата МВП и од домашната публика.

42 поени, 12 скока, 8 асистенции и 3 блокади гласи новата партија на незадржливиот Никола Јокиќ против Вашингтон Визардз кој шампионот го доби со 113:104.

Само две асистенции му фалеа за нов трипл дабл, што не е воопшто страшно ако се знае дека неговиот тим победи, а тој постигна 40% од поените на цел Денвер. 

Само неколку дена после асистенцијата против Њу Орлеанс, Јокиќ ја повтори и против Вашингтон.

Во еден момент под кош одигра во стилот на легендарниот Хаким Олајџувон. 

Моментот кога публиката во Вашингтон му скандираше „МВП“. 

22 јануари 2024 - 08:34