Пред десетина дена меѓу бројните прашања на новинарите во НБА, Јокиќ доби и едно интересно. На прес-конференција го прашаа дали ќе размени по некоја порака со неговиот сонародник Новак Ѓоковиќ со оглед на тоа што Ноле е пред голем предизвик на РГ 2023.
„Да бидам искрен, го немам неговиот број“, искрено кажа Јокиќ и продолжи: „Тој е момче кое ја претставува Србија на многу поголема сцена, тој е амбасадор на Србија, идол е на децата не само на терен туку и надвор од него поради сето тоа што го прави неговата фондација.
Тој е човек на кој можете да се угледате, јас сакав да бидам како него. Прави чудесни нешта за децата, за Србија. Не можам да се споредам со него“.
После некој ден откако со уште една врвна партија на Јокиќ и Џамал Мареј Нагетс направија и втор брејк во Мајами и водат со 3-1, новинарите пак го прашале Јокиќ за Ѓоковиќ. Овој ги изненадил:
„Ми пиша навистина, навистина, не излажа!“, рече Никола.
Djoković texted Jokić 😂 pic.twitter.com/a1PsknRYdE
— THE JOKER(S) 🃏🇷🇸 (@SerbsInSports) June 10, 2023
„Неверојатен е. Испишува историја секој пат кога е на терен и сигурно ќе заврши како еден од најдобрите на сите времиња. Има прилика за уште еден трофеј. Неверојатен спортист и голема чест е да се биде негов сонародник со оглед на тоа како нè претставува во светот. Српскиот народ е горд на него“, рече Јокиќ.
Сега во пресрет на петтиот финален дуел (Game 5) меѓу Денвер Нагетс и Мајами Хит, Никола Јокиќ одново дал изјава за шампионот Новак Ѓоковиќ кој освои 23-ти Гренд Слем во неделата.
„Видов дека освоил, секоја чест. Победи, по кој пат веќе Бог те видел... Го зема 23. трофеј, доста веќе. Се шегувам секако“, ги насмеал Јокиќ присутнтите и додал:
„Не постојат зборови кои би објасниле доволно што направи. Сите веќе кажаа се. Он е мајстор на својот занает и веројатно еден од најдобрите кој се занимавал со тој спорт“.
Историјата е испишана: Новак Ѓоковиќ освои Ролан Гарос и стигна до 23. Гренд слем
Витешки, Надал прв му честиташе на Ѓоковиќ