Со речиси секој натпревар, Никола Јокиќ драстично ја менува НБА статистиката и ги поместува границите во кошарката на импресивен начин.
Рано изутринава Денвер го совлада Голден Стејтс со 119:103, а Јокиќ блесна со моќен трипл дабл од 32 поени, 16 скокови и 16 асистенции.
Одличен беше и Мареј со 27 поени, додека кај Голден Стејт најефикасни беа Томпсон со 23 и Кари со 20 поени.
Откако на претходниот меч против Вашингтон влезе во историските учебници на НБА како еден од тројцата кошаркари кој остварил трипл дабл учинок против секој НБА тим против кој играл, сега Србинот запиша нов подвиг.
Тој е прв во историјата на најсилната лига во светот со најмалку 14 скока и 14 асистенции на три последователни натпревари.
Инаку по завршувањето на Ол стар викендов, Јокиќ оствари трипл дабл на три меча по ред и сезонава стигна до бројка од 18.
A JOKER MASTERCLASS 🃏
— NBA (@NBA) February 26, 2024
32 PTS | 16 REB | 16 AST | 4 STL pic.twitter.com/ZcLaesDK4P
Nikola Jokic first player in NBA history with 14 REB and 14 Assists in 3 straight games pic.twitter.com/Yb6TN7ps4h
— Tedd Buddwell 🏀🏈 (@TedBuddy8) February 26, 2024
Во НБА статистиките почесто ќе сретнете дека има 122 трипл дабл учиноци, а инаку вкупно му се 138. Првата бројка се однесува на натпреварите од регуларниот дел од сезоната, а втората заедно со оние во плејоф каде има 16.
Така милуваат да ги заведуваат Американците овие бројки и затоа листите кои ќе ги најдете во прв план се со учинок од регуларен дел во сезоната.
Обрнете внимание на топ 10 листата, каде Јокиќ е на четврто место. Колку само малку поени му требале за да стигне до 122 комада, за разлика од други легенди.
Пример:
Леброн Џејмс: 1.471 натпревар - 110 трипл дабл учиноци.
Никола Јокиќ: 651 натпревар - 122 трипл дабл учиноци.