Јокиќ стигна до 90-ти трипл дабл и стана најдобар асистент во историјата на Денвер

Уште не сме го допишале вчерашниот текст за неговиот блескав настап, ете ти нов. Никола Јокиќ граби кон ново трето МВП признание во низа. Не е нормален како игра.

Српскиот кошаркарски ас одново воодушеви со игрите во дресот на Денвер Нагетс кој го забележа 31-от триумф сезонава, овој пат над Минесота од 122:118.

Јокиќ оствари учинок од 31 поен, 13 асистенции и 11 скока и го запиша 14-от трипл дабл сезонава и вкупно 90-ти во кариерата.

Новиот историски клупски подвиг кој го оствари е бројот на асистенции.

Тој е прв на вечната листа на Денвер Нагетс со 3.686 асистенции на 565 меча со што го надмина рекордерот Алекс Инглиш кој на 837 меча оствари 3.679. 

Уште една блескава средба за Јокиќ за 89-ти трипл-дабл во НБА 

19 јануари 2023 - 08:51