Уште една блескава средба за Јокиќ за 89-ти трипл-дабл во НБА

Кошаркарите на Денвер Нагетс играат феноменална сезона во регуларниот дел. Синоќа ја запишаа и седмата победа по ред пред своите навивачи. Го совладаа Портланд 122:113 а уште една МВП партија пружи неверојатниот Никола Јокиќ.

Денвер Нагетс после синоќешниот триумф над Портланд има учинок од 30 победи и 13 порази и натаму е прв на Западот.

Никола Јокиќ за три четвртини односно за 34 минути на паркетот постигна 36 поени, 12 скока и 10 асистенции со една украдена топка. Ова е негов 89. трипл-дабл во НБА кариерата а дури 13-ти сезонава.

Јокиќ испиша уште една историја во НБА зошто втор пат во кариерата постигнува трипл-дабл со повеќе од 30 уфрлени поени со 90% успешност од игра што пред него му пошло од рака само на Вилт Чембрлен.

Српскиот репрезентативец имаше 13 погодени шута од 14 обиди, 1/2 за три поени и високи 9/10 од линијата за слободни. Покрај него голем удел во победата на Нагетси имаше и Мајкл Портер-јуниор со 23 поени, Џамал Мареј додаде 17 а Брус Браун 11. Кај Блејзерси, Дамијан Лилард одигра супер меч со 44 поени, Џереми Грант уфрли 18 а Енферни Симонс 14.

18 јануари 2023 - 09:55