Никола Јокиќ ја одигра една од најдобрите партии во својата кариера, оствари личен рекорд со фантастични 53 постигнати поени, но ни тоа не беше доволно за неговите Нагетс.
Плејофот досега не пружи ваков спектакл како синоќешниот натпревар меѓу Нагетс и Санс кои доминираа и во регуларниот дел од сезоната.
Никола Јокиќ на крајот имаше 53 поени, 4 скока и дури 11 асистенции. Кај поразениот Денвер Мареј уфрли 28 поени, Портер и Гордон по 11 а Поуп 10 пооени.
Во тимот на победникот, Кевин Дурент и Девон Букер одиграа исто фантастични партии со по 36 поени а Шемет кој буквално го реши мечот со четири тројки во четвртиот период кога го откажа Денвер, на крај имаше 19 поени.
Петтиот меч меѓу овие два тима се игра во ноќта меѓу вторник и среда во 04 часот.
Во третиот период изби мал физички дуел меѓу Јокиќ и газдата на Феникс Санс кој ја фати топката и не ја пушташе за Никола побрзо да изведе аут.