Историска ноќ за Џејсон Тејтум кој со 55 поени ги победи Леброн, Јокиќ и Дончиќ

Прв пораз на тимот на Леброн Џејмс после пет Ол стар изданија. Испишана е нова историја благодарение на бекот на Бостон Селтикс, Џејсон Тејтум, кој мечот го заврши со 55 поени,  најмногу до сега во историјата на Ол стар средбите.

Тимот на Јанис Андетокунмбо ја прекина серијата победи на тимот на Леброн Џејмс и славеше со 184:175 на Ол стар натпреварот, кој се одржа во Солт Лејк Сити во Јута.

Ноќта ја одбележа Џејсон Тејтум кој беше прогласен за МВП со рекордни 55 поени. По Ентони Дејвис и Стеф Кари, бекот на Бостон стана само трет што успеал да ја мине границата од 50 поени. Рекордот го држеше Дејвис со 52 поени.

Во победничкиот тим одличен беше и Донован Мичел кој пред својата публика распали со 40 поени и 10 асистенции. 

Кај тимот на Џејмс најдобар беше Џејлон Браун со 35 поени и 13 скокови, а Џоел Ембид и Кајри Ирвинг постигнаа по 32 поени.

Јанис и Леброн излегоа од игра поради повреди. Гркот уште во првата минута, а најдобриот стрелец во историјата на НБА го одигра само првото полувреме.

Јокиќ и Дончиќ имаа слаба поентерска вечер и постигнааа по само 4 поени.

Стартери во тимот на Леброн беа Лука Дончиќ, Никола Јокиќ, Џоел Ембид и Кајри Ирвинг. Во тимот на Јанис, од првата минута заиграа Лаури Марканен, Донован Мичел, Џа Морант и Џејсон Тејтум.

Компилација на најјаките забивања на Ол Стар 2023

Анонимен кошаркар развали во турнирот за забивање на Ол Стар

Дончиќ од центар, со една рака, присутните зачудени

20 февруари 2023 - 08:49