Солт Лејт Сити после далечната 1993-та година одново го доби домаќинството на Ол-старот.
Во викендот во кој се одржува собирот на најдоброто што НБА го има, еден млад кошаркар, малку познат во јавноста, убедливо триумфираше во натпреварот за најатрактивни забивања.
Мек Мекланг (24) во моментов е член на тим од развојната Г лига, но под договор со Филаделфија '76, па од таа причина можел да се пријави за натпреварот. Дури ни самите НБА кошаркари не го знаат.
Appreciate you goat. The dream is the journey 🙏 https://t.co/HRSVzXn9HU
— mac mcclung (@McclungMac) February 19, 2023
Мекланг во моментов сезонава игра за Делавер Блу Коутс, а во финалето на турнирот за најатрактивни забивања го разби Треј Марфи од Њу Орлеанс Пеликанс. Претходно тој куцаше подобро и од Кенион Мартин Џуниор од Хјустон Рокитс и од Џерихо Смит од Њујорк Никс.
Мекланг блесна со забивање „хеликоптер“, па потоа со две раце во 360' степени вртење, за да на крај ја потврди доминацијата како најдобар забивач во моментов во цела НБА со асистенција од еден пријател кој држеше баскет над глава, а Мекланг го прескокна и заби со двете раце зад глава.
MAC MCCLUNG HITS THE 540. PERFECT SCORE. ARE YOU KIDDING ME.#ATTSlamDunk x #StateFarmSaturday
— NBA (@NBA) February 19, 2023
📺: Live on TNT pic.twitter.com/ohSyYpMAq6
Интересно, Мекланг потоа облече средношколска униформа и заби со едно ипол вртење во воздух.
Сите судии до еден, предводени од легендарниот Карл Мелоун го оценија со максимален број поени. Заслужено Мекланг победи на турнирот.
НАЈДОБРИ ШУТЕРИ ЗА ТРИ
Што се однесува до еднакво интересниот и возбудлив турнир за најдобри тројкаши, на Ол-Стар викендот во завршницата стигнаа лидерот на Портланд Трејл Блејзерс, Демиен Лилард, Џејсон Тејтум и Бади Хилд и Тајрис Халибартон од Индијана Пејсерс.
Лилард беше неверојатно прецизен и заслужено на крајот ја освои наградата за најдобар тројкаш.