Игра за Кливленд и Турција, а Македонија од уста не ја вади
Зборува турски, српски, македонски и англиски, омилено јадење му е бурек, а најмногу сака да оди на одмор во Охрид. Иако Македонија ја напуштил на 4 години и игра за селекцијата на Турција, сепак Џеди Осман е наше дете и постојано и прави реклама на нашата земја.