Актуелниот освојувач на Купот, Вардар силно ја почна новата сезона и стартуваше со убедлива победа од 4-1 над големиот ривал Пелистер. На „Градски“ во Скопје пред неколку илјади гледачи, во присуство на двете навивачки групи, имаше одличен амбиент. Подгрупата вардарови навивачи „Лојал фанс“ прослави 26 години од основањето и по тој повод имаше огромна шеталица, покривно знаме и прекрасен огномет и бакљи.