Патиките на Охриѓанецот кој настапи на Ол стар

Кошаркарот на Кливленд беше хит на вчерашниот Ол стар натпревар на кој се појави во патики со знамиња од две земји, родната Македонија, како и Турција за која настапува. Браво мајсторе.

За Џеди Осман ова беше прв настап на популарниот Ол стар викенд кој традиционално се одржува секоја година во месец февруари. Наспати за тимот на светот кој загуби од тимот на САД со 144:161.

Охриѓанецот беше на паркетот 15 минути во кои оствари скор од 2 поени, 3 скока и 4 асистенции.

Неговите патики беа хит на ревијалниот натпревар, на едната беше знамето на Македонија, а на другата Турција.

„Многу сум среќен што сум тука и што бев дел од овој натпревар. Многу беше забавно. Роден сум во Македонија, а вечерва ја претставувам Турција. Двете знамиња на моите патики се знак дека ги претставувам и ги сакам двете земји. Знам дека и Македонците навиваат за мене исто како и Турците“ изјави Осман.

 

Приказната за него за Офф.нет ја раскажаа неговите први тренери од Охрид.

16 февруари 2019 - 12:55