Навивачите на Пари Сен Жермен и се поврзано околу овој клуб не се омилени во Марсеј. Напротив, ривалството меѓу овие два клуба неретко преминува во омраза.
Полициската префектура во Марсеј во неделата вечер потпишала наредба за забрана за носење дрес од ПСЖ во центарот на градот во недела зошто вечерта Парижаните играат финале на Лига на шампиони против Баерн Минхен од 21:00 и можно е некој „залутан“ навивач на парискиот клуб да не биде свесен за последиците од ривалството со Марсеј.
Уште поневеројатно е дека текстот дури и забранува „прикажување бои на ПСЖ), формулација која може да се одесува на маица, шал, капа,.
Оваа одлука е донесена за спречување на какво било нарушување на јавниот ред и мир, иако „не стигнале никакви информации кои би потврдиле каква било мобилизација планирана за финалето“, стои во одлуката на полицискиот штаб во пристанишниот град.
Со декрет е забрането поседување и употреба на пиротехнички средства во Марсеј во недела. Ова значи дека вечерта и да има некој некаква прослава, ќе мора да избегне користење пиротехника зошто може да биде уапсен, пишува Le Parisien, кој се повикува на La Provence.
Сево ова доаѓа по инцидентите после полуфиналето Лајпциг - ПСЖ кога вечерта во вторник била напната, посебно околу Старото пристаниште. Стотина навивачи на Олимпик Марсеј се собрале во вечерните часови, пееле против ПСЖ и фрлале петарди. Според некои сведои, групата пресретнала и неколку минувачи за кои сметала дека се навивачи на ПСЖ. Едно лице на сила било приморано да го соблече дресот на парискиот клуб, а уапсен е маж поради напад на лицето кое го носело дресот.
Најмалку два ресторани околу Старото пристаниште биле приморани да го прекинат емитувањето на мечот Лајпциг - ПСЖ под силен притисок од неколку десетици луѓе.