Со фантастични бројки во текот на целата регуларна сезона а уште посјајни потоа во плејофот, капитенот на српската репрезентација и лидер на Денвер Нагетс заслужено стигна до шампионската титула, прва во клупската историја на тимот од Колорадо. Стана и МВП на финалето. Но во моментите додека сите славеа, Јокиќ отиде да се поздрави со противничките кошаркари од составот на Мајами Хит.