Денвер Нагетс е шампион на НБА, Никола Јокиќ МВП на финалето!

Кошаркарите на Денвер Нагетс се нови прваци во најсилната лига на светот откако синоќа го совладаа Мајами Хит во петтиот меч од големото финале со 94:89 и со вкупен резултат 4-1 стигнаа до шампионскиот прстен.

Никола Јокиќ одново беше најдобар поединец кај Нагетс со 28 поени, 16 скока и четири асистенции а огромен удел во триумфот за титула имаа Колдвел-Поуп и Брус Браун.

Мајкл Портер Јуниор кој беше доста критикуван во целата финална серија, синоќа се издигна над критиките и постигна важни 16 поени, Џамал Мареј уфрли 14, Браун 10 а Колдвел-Поуп исто како Мареј 14.

Кај гостите од Мајами, Џими Батлер запиша 21 поен, а Бам Адебајо имаше одличен меч со 20 поени и 12 скока.

Во големото финале и двата тима влегоа прилично тензично, нервозно, па играчите направија неколку грешки. Денвер Нагетс прв се одлепи резултастски и со серија 10:0 поведе 12:5.

Во еден момент Никола Јокиќ направи два брзи прекршоци па Мелоун мораше да внимава и го извади од игра за да не западне во поголем проблем во кој влегоа Гордон и Грин па рекетот на домаќинот во штитеше ветеранот ДиАндре Џордан.

Мајами Хит го искористи тој момент што Денвер мораше да ги сочува своите силни центри, па тимот предводен од Ерик Сполстра на полувреме заслужено водеше 44:51.

Во вториот дел на паркетот имаше многу дуели со доста промашувања на обете страни и чести контакти на раб на исклучувања.

Во третиот период Никола Јокиќ конечно се разгоропади и заигра на своето ниво па Денвер Нагетс ја стопи предноста на гостите на само -1 поен негатива (90-91).

Четвртиот период донесе уште пожестока битка на теренот во која Денвер Нагетс, веројатно искален по битките со Феникс и ЛА Лејкерс во плејофот, подобро се снајде. Со одличните погодоци на Џамал Мареј, Брус Браун, Јокиќ и Кеј Си Пи, Нагетс створија каква таква предност која што само ја чуваа до крајот.

Џими Батлер со неколку промашени обиди во финишот само придонесе Нагетс да стави раце на трофејот кој за првпат доаѓа во Колорадо!

Никола Јокиќ заслужено беше прогласен за МВП на големото финале откако буквално го растури Мајами Хит во неколку натпревари, што дома, што на Флорида. Признанието му го врачи лично првиот човек на НБА, Адам Силвер.

Од тој момент започна големото славје кое се прелеа и во соблекувалните. Таму се отворало шампањско а Јокиќ во еден момент го турнал и Џамал Мареј во базен: 

13 јуни 2023 - 09:09