Германскиот селектор не им ја дал кредитната картичка на играчите да се почестат

За разлика од шармантниот и лудо харизматичен италијански тренер Џанмарко Поцеко кој ја воодушеви цела кошаркарска јавност со шоуто на Евробаскетот, германскиот селектор остана ладен како шприцер и по големиот триумф за пласман во прво полуфинале за Германија од 2005-та.

Селекторот на Германија Гордон Херберт бил одлично расположен по победата над Јанис Антедокумбо и Грција. 63-годишниот Гордон Херберт додека одговарал на новинарски прашања на прес-конференцијата, ги забавувал новинарите.

Го прашале дали победата ќе ја прослави со чаша вино како што ветил.

„Знам само едно - нема да им ја дадам својата кредитна картичка на играчите. Во моментов повеќе сакам ладно пиво. Денис Шрудер ја сакаше мојата кредитна картица, но реков: ’Разведен сум три пати, нема да ви се допадне ограничувањето на картицата’, рекол Херберт.

Германците досега играат можеби најубава, тимска кошарка на целото првенство и не зависат од поединци како други селекции. Доказ за тоа се фантастично распределените поени: Денис Шредер беше прв стрелец со 26 поени (8/15 од игра, 3/6 за три), Франц Вагнер додаде 19 поени (5/7 за три), Андрес Обст уфрли 19 поени (5/7 за три), Даниел Теис запиша 13 поени со 16 скока.

Гордон Хеберт има необичен животен и кошаркарски пат. Тој е роден во Пентиктон во Канада и има финско потекло. Играчката кариера воглавном ја поминал во фински клубови како млад а подоцна и како тренер почнал во оваа скандинавска земја. Првото искуство во странство му е во Германија па во 2005-та станува селектор на Грузија. Беше и асистент во Торонто Репторс и тренер на германска Алба.

Селектор на Германија е од септември 2021-ва, практично речиси една година ја води оваа селекција која сега стигна до полуфиналето на Европско првенство на домашен терен во Берлин.

Јунакот на Италија откри колку пари потрошиле од картичката на селекторот

14 септември 2022 - 10:21