Германија е нов светски шампион, Србија пропушти историска шанса

Предводени од сјајните Денис Шрудер и Франц Вагнер, германските репрезентативци стигнаа до прво историско злато откако во финале на Светско првенство ја совладаа Србија 83:77.

Во се-европското финале на Мундобаскетот кој првпат во историјата се играше во три земји: Филипини, Јапонија и Индонезија, на крајот заслужено слави Германија предводена од финскиот Канаѓанец Гордон Херберт.

Првиот дел започна мошне израмнето, на секој обид на едните да се одвојат во резултатска позитива, другите веднаш брзински одговараа на другата страна.

Србија под водство на капитенот Богдан Богдановиќ ја доби првата четвртина 26:23 но Германците возвратија 24:21 во вториот период и на полувреме се замина со нерешени 47:47.

Клучна се испостави трета четвртина во која Германија која претходно во полуфинале забележа историски триумф над САД на кого му дадоа повеќе од 100 поени, успеа да ја добие четвртината 22-10 и сериозно осетно да се одлепи.

Германскиот стручен штаб маестрално го скаутирал српскиот состав па така целосно отсечен беше високиот центар Никола Милутинов кој немаше никакво решение за одбраната на високите Фоитман и Теис.

Во вториот дел отсечен беше и Богдан Богдановиќ кој на крајот имаше 17 поени, 5 асистенции и 3 скока, повеќето од првиот дел.

Центарот кој претходно на 4 меча имаше дабл-дабл учинок и по тоа беше најдобра „петка“ на Мундијалот, денес мечот го заврши со очајни 2 поени и по 4 скока и 4 асистенции.

Иако Германија имаше +11 и +12 во еден момент пред крајот на четвртиот период Србија со шест врзани поени на Алекса Аврамовиќ се врати во игра.

Но додека српските репрезентативци грешеа во брзоплетите напади, Франц Вагнер и Денис Шрудер искусно и рутински поентираа.

Германците „и се понудија“ на Србија и во самиот финиш кога Марко Гудуриќ имаше три чисти прилики да го намали или израмни резултатот но најпрвин промаши чист шут за три поени небранет од никого, за потоа да промаши положување со фаул и на крајот да фрли топка во аут, така што тој е трагичар на ова историско финале.

Најдобар играч, МВП на финалето е Денис Шрудер со 28 поени, 2 скока и 2 асистенции. Франц Вагнер додаде 19 поени со 7 скока и 2 асистенции а Јоханес Фоитман имаше 12 поени, 8 скока и 3 асистенции.

Крунисувањето на новиот шампион и доделување на пехарот и златни медали:

Канада ги совлада САД за бронза, Американците останаа со празни раце

10 септември 2023 - 17:05