Фантастична партија на Лука Дончиќ, но Лејкерс изгубија

Милвоки Бакс го совлада ЛА Лејкерс 126:106 во ноќта меѓу четврток и петок а овој натпревар немаше голема неизвесност зошто од самиот старт некогашниот шампион наметна свое темпо и само ја зголемуваше предноста. Лука Дончиќ постави свој личен рекорд откако е во дресот на ЛА Лејкерс.

Epa Images
Epa Images
Epa Images

Лука Дончиќ уфрли дури 45 поени а имаше уште и 11 скока. Уште до полувремето некогашната суперѕвезда на Далас Маверикс броеше до 29 поени. Лејкерс повторно играа без Леброн Џејмс кој е повреден. Остин Ривс беше единствена светла точка покрај Дончиќ со 28 поени.

Кај Бакс, Јанис Андетокумбо уфрли 24 поени со 12 скока и девет асистенции, Брук Лопез даде 23 поени а по 22 запишаа Дамијан Лилард и Кевин Портер.

Во моментов Милвоки е четврти на Исток со 37 победи и 28 порази а ЛА Лејкерс е четврти на Запад со 40 победи и 24 порази.

14 март 2025 - 08:28