Епска НБА партија на Леброн Џејмс кој се надмина себе си

Лос Анџелес Лејкерс загубија дома во градското дерби од Лос Анџелес Клиперс со 115:133, но никој не зборува за поразот, туку за историските подвизи на неверојатниот Леброн Џејмс кој на 38 години ги поместува границите во НБА.

Од каде да почнеме? 

Леброн Џејмс ноќеска направи нешто што не му успеало на никој друг во историјата на НБА, па дури ни на Мајкл Џордан.

Со блесокот настап против Клиперси на кој му даде 46 поени, стана првиот играч кој собрал колекција од 40 поени против сите 30 НБА екипи.

Коби Брајант, Кевин Дурант и Џејмс Харден имаат постигнато по 40 поени против 29 екипи.

Трет пат постигнува 45+ поени на 38 години, подвиг кој му успеало само на Џордан.

Потоа успеа да оствари личен рекорд во кариерата од 9 тројки на еден натпревар и стана прв во историјата со 35+ години со ваков учинок.

Во неговата 20-та НБА сезона, „Кралот“ држи извонреден просек од 29,8 поени, 8,5 скока и 6,9 асистенции по натпревар.

Џејмс наскоро ќе стане и најдобар стрелец во историјата на најквалитетната кошаркарска лига во светот.

Пред овој натпревар му изброија дека за да го надмине Карим Абдул Џабар му фалат уште 224 поени. Сега таа разлика падна на 178.

Џабар има постигнато 38.387 поени на 1.560 меча. Натпреварот против Клиперски за Џејмс беше број 1.404. 

Го потсетија Леброн, дека не е веќе така млад

Уникатноста на Леброн - играл против 8 пара татковци и синови во НБА

25 јануари 2023 - 11:26