Емотивен поздрав на Богдан Богдановиќ со Душко Вујошевиќ

Триесет и три годишниот НБА кошаркар на Лос Анџелес Клиперс и капитен на репрезентацијата на Србија во 2010-та за првпат заигра за првиот тим на неговиот Партизан. На тренинг го пречека тој, големиот, незгодниот и секогаш суров, легендарен Душко Вујошевиќ. Од Богдан Богдановиќ направи играч кој освои Евролига (2017 со Фенербахче) и 20 други трофеи.

Со репрезентцијата на Србија Богдан Богдановиќ освои сребро и бронза на Олимписки игри, сребро на Европско првенство и сребро на Светско првенство.

За сè најзаслужен е Душко Вујошевиќ чија прерана смрт го погоди и Богдан:

„Драг Дуле тренеру,

Денес е најтешко да се најдат правите зборови со кои би можел да ја опишам твојата величина, лик и дело. Никогаш нема да ја заборавам нашата прва средба кога ме погледна со блага насмевка и ми ја стегна раката. Се чувствував толку исплашено, а во исто време возбудено зошто ќе имам прилика да работам со тебе.

Не знаев што ме чека но ти верував до смрт.

Покажа како се гради личност, како се станува професионалец, како се гради самодоверба, како се тренира, како се гради тим, што е Партизан, како се игра за Партизан. Даваше прави совети во право време.

Купуваше книги, филмови, карти за театар... и тоа се го правеше со многу посветеност, внимание и љубов.

Во тој момент од животот те гледав и како втор татко.

Секако дека нема да ги заборавам ни оние „факултативни“ тренинзи. Тие тренинзи беа доста тешки и напорни, но секогаш беше присутен, секогаш беше тука.

Ти јас сами во Пионир, на главниот терен. Ништо не беше подобро од тоа.

Никогаш не частеше со присуство, како што сакаше да кажеш.

Не знам дали успеав или не успеав да бидам тоа што ти мислеше дека ќе бидам, но знај дека секогаш давав се од себе и дека сум ти неизмерно благодарен на секоја секунда труд кој ми го посвети. Сега дури од некоја друга перспектива, и друго време гледам колку безусловно си ми се дал.

Многу ми ежал што нема да можам да поразговарам со тебе макар уште еднаш онака насамо.

Неизмерно сум ти благодарен.

Почивај во мир, тренеру.“

9 април 2026 - 12:51