Вашингтон Визардс го добија Денвер Нагетс со 122:113 и со тоа ја прекинаа серијата од 16 порази по ред.
Натпреварот го одбележа Никола Јокиќ со рекордна партија од 56 поени. Претходно најмногу имаше против Сакраменто, кога во 2021-ва им даде 50.
Јокиќ шутираше со 22/38, од линијата за слободни фрлања имаше 9/13, плус додаде и 16 скока и 8 асистенции.
Ова е всушност втор најдобар учинок на еден играч во историјата на Денвер. Рекордот од 73 поени на еден меч е од 1978-ма година.
Сепак овие бројки на Србинот одат во втор план, бидејќи само тој беше на висина на задачата во својот тим.
На спротивната страна домаќините славеа благодарение на тимскиот учинок на Пул со 39 поени, Шампањ имаше 23, а Валанчиунас 20.
Денвер е деветти во Западната конференција со 11 победи и 10 порази, а Вашингтон е последен на Истокот со скор 3-18.
Од зад табла им даде кош. Луда работа.
Nikola Jokic just made a shot over the backboard. In a game. It didn't count. pic.twitter.com/LmbJ9gWhxA
— Chase Hughes (@chasedcsports) December 8, 2024
We are living in Nikola Jokic's world this season... 🤯
— BasketNews (@BasketNews_com) December 8, 2024
56 PTS 👉 CAREER-HIGH
22/38 FG
16 REB
8 AST pic.twitter.com/bKBr14wCnC
Nikola Jokic tonight:
— Kevin O'Connor (@KevinOConnorNBA) December 8, 2024
56 PTS (career-high)
22/38 FGA
3/5 3PA
Everyone else on Denver:
57 PTS
24/56 FGA (42.9%)
2/19 3PA (10.5%)
The Nuggets lost 122-113 to the Wizards. Embarrassing. pic.twitter.com/siIuNFqH0Y