Ѕверското забивање на Лука Дончиќ во триумфот на Словенија над Литванија

Евробаскетот 2022 започна. Отвори Шпанија со убедлива победа над Бугарија 114:87, потоа Турција и Црна Гора режираа права драма во која Црногорците имаа напад за победа но судиите досудија контроверзен фаул во напад, а на другата страна Коркмаз погоди тројка од пола терен и Турците славеа. БиХ забележи триумф над Унарија, а Словенија во дербито ја доби Литванија 92:85.

И покрај тоа што шутот не го служеше вечерва и имаше 1/8 за 3 и вкупно 4/13 од игра, Лука го заврши дербито со Литванија со 14 поени, 6 скока и 10 асистенции. Имаше и три украдени топки и 5/8 од линијата за слободни.

Јунак на Словенците беше центарот Мајк Тоби со дури 24 поени (11/17 од игра) и 8 скока. Ветеранот Драгиќ даде неверојатен придонес со 19 поени и по 3 скока и 3 асистенции во клучниот период од мечот а имаше и две украдени топки. Јака Блажиќ додаде 14 поени а Чанчар 11.

Кај поразените Литванци Кузминскас уфрли 19 поени (8/12 од игра), Григонис запиша 18 поени а Лекавичиус 14 поени и 5 асистенции.

 

1 септември 2022 - 19:31