
Во Денвер Нагетс дефинитивно нешто не штима. И ако тоа беше сомнително во текот на целата сезона, сега се потврдува во разигрувањето за титулата.
Оклахома Сити Тандер овојпат не само што го одбрани својот терен, туку и му најави на Денвер да не се надева на ништо подобро ниту во Колорадо за неколку вечери.
Најдобриот тим од основниот дел во НБА лигата за 24 минути постигна неверојатни 87 поени што е апсолутен рекорд во разигрување за титула во историјата на НБА, на крајот од третиот период уфрли 124 поени и во еден момент водеше и скоро 50 поени разлка!
Никола Јокиќ не беше во ритам, го исклучија предвреме поради лични грешки па цела последна четвртина ја преседе на клупата. Србинот даде 17 поени со 8 скока и 6 асистенции но имаше и 6 изгубени топки.
Покрај него Расел Вестбрук даде 19 поени и 5 асистенции а 14 поени уфрли Џамал Мареј.
Кај Оклахома дури 8 кошаркари беа двоцифрени!
Шеј Гилџес-Александер стигна до 34 поени со 4 скока и 8 асистенции и беше најефикасен кај победникот. Џејлен Вилијамс додаде 17 поени со 4 скока и 7 асистенции, Ајзеа Џо имаше огромен удел со 16 поени, Чат Холгрем со 15 поени и дури 11 скока, Ајзеа Хартенштајн додаде 14 поени, Лу Дорт 12 поени а Арон Вигинс 10.