
Њујорк Никс го совлада Бостон Селтикс 91:90 во вториот дуел од серијата во полуфиналето на Истокот.
Дури ни најголемите навивачи на Њујорк Никс не очекуваа ваков расплет на настаните по два натпревари во „ТД Гарден“ во Бостон каде Никс зема две победи!
Сега ги чекаат натпревари во нивниот „Медисон Сквер Гарден“ каде ќе имаат шанса да го изметлаат големиот шампион и најголем фаворит за титулата Бостон Селтикс.
„Детелините“ на првиот дуел промашија неверојатни 45 обиди за три поени а во вториот меч сега промашија 30 шута за тројка (10/40). Но и покрај тоа Бостон Селтикс имаше +16 поени разлика на 8 минути и 40 секунди пред крајот на мечот но Никс се вратија и направија голем пресврт.
Тренерот Том Тибодо маестрално ја водеше екипата.
Џош Харт беше најефикасен, прв стрелец во тимот со 23 поени, 6 скока и 3 асистенции. Карл-Ентони Таунс додаде 21 поен и дури 17 скока, а Џејлен Брансон 17 поени, 3 скока и 7 асистенции. Микал Бриџес имаше голем удел со 14 поени, 7 скока и 5 асистенции.
Кај домаќините Дерик Вајт и Џајлен Брансон уфрлија по 20 поени а Џејсон Тејтум имаше 13 поени, 14 скока и 5 асистенции.
Серијата сега се сели во Њујорк каде Никси пред своите верни навивачи ќе имаат шанса да направат голема сензација и да го урнат фаворитот за титулата.
Денвер скршен на парчиња, Јокиќ исклучен, Оклахома им даде 149 коша!