Чудесен погодок: фрли додавање па погоди тројка

Атланта Хокс игра во неверојатна, историска серија и има 11 победи по ред. Синоќа го совладаа Далас Маверикс 135:120 а на овој натпревар падна и многу чуден кош. Високиот Џонатан Куминга кој дојде од Голден Стејт Вориорс ненамерно го погоди можеби најневеројатниот кош во НБА лигата. На истек на трета четвртина сакаше да му фрли додавање на Џок Лендејл во брза контра но топката заврши во обрачот.

Куминга беше оддалечен од кошот на Далас цели 23 метри а според податоците на верните НБА статистичари, се работи за шести најдолг погодок уште од кога е воведено деталното следење статистики во 1997/1998.

19 март 2026 - 09:20