Часовите по љубов на Дуле Вујошевиќ

Познат под прекарот „Генерал“, строг и суров на теренот како татко кон своите деца, Вујошевиќ избруси генерации и генерации врвни кошаркари од кои некои стигнаа и до НБА висините. Тренерот на Партизан имаше необични методи на работа. Понекогаш ги менуваше цимерите меѓу кошаркарите, за да подобро се запознаат меѓу себе, а секој добивал и по некоја книга која требал да ја прочита и да ја раскаже. Душко оформуваше и карактери, не само играчи.

8 април 2026 - 14:25