Брат му на Јокиќ пак урлаше кон противнички навивач

Братот на трикратниот МВП во НБА Никола Јокиќ, Страхиња за време на дербито меѓу Денвер и Сан Антонио Спарс кое Нагетс го добија тесно 136-134 а на кое Никола Јокиќ постигна фасцинантни 40 поени со 13 асистенции и 8 скока, повторно се сипа на еден противнички навивач.

Навивачот се жалел зошто биле досудени некои фаули врз Јокиќ а Страхиња бурно реагирал. Тој во април 2024-та година беше осуден на условна казна откако нападна навивач на Лос Анџелес Лејкерс кој го навредувал Јокиќ пред неговото семејство кое било присутно во близина.

Што се однесува до натпреварот, Никола Јокиќ одново испиша историја во НБА лигата. Тој го заврши натпреварот со 40 поени, 8 скока и 13 асистенции а имаше и три блокади. Од игра шутираше 13/25 за 44 минут на паркетот.

Тој стана прв играч во НБА кој постигнал 40 поени со најмалку 10 асистенции а без ниту една изгубена топка. Единствени со вакви ретко партии биле Лери Бирд, Лука Дончиќ и Ворлд Би Фри.

Во директен дуел против противкандидатот за МВП наградата Виктор Вембенјама, Јокиќ беше посупешен. Французинoт постигна 34 поени со 18 скока и 7 асистенции а во еден момент од првиот дел направи груби фаули врз Јокиќ кои судиите ниту ги санкционираа ниту сакаа да гледаат повторена снимка после што тренерот на Нагет Дејвид Аделман здиве и доби техничка грешка.

 

5 април 2026 - 13:03