Бостон Селтикс е продаден за астрономска сума и тоа е најголема инвестиција во историјата на спортот

Актуелниот шампион во НБА, Бостон Селтикс е продаден за сума која е рекордна во историски рамки. А не секој ден најтрофеен клуб во кој било спорт добива нови сопственици, не секој ден актуелен шампион менува сопственик, па затоа ова е голема вест од НБА лигата.

Во 2024-та година Бостон Селтикс го освои рекордниот 18-ти шампионски пехар во НБА лигата. Во 2025-та постави нов рекорд - овојпат светски. Новите сопственици на Селтикс договориле да го купат клубот за 6,1 милијарда долари.

Во декември 2022-ра година Феникс во комплет машкиот и женскиот клуб беше откупен од Мет и Џастин Ишибија кои за целата зделка дале 4 милијарди долари.

Најскапа зделка досега беше онаа кога конзорциум под управа на Џошуа Харис (тој е и сопственик на Филаделфија Севентисиксерс) во летото 2023-та го купил НФЛ клубот Вашингтон Командерс за 5,5 милијарди долари.

Сега зделката за Бостон Селтикс оди еден степен погоре - до 6,1 милијарди долари.

Магазинот Форбс изминатава зима до проценувал Бостон на 6 милијарди долари а порталот Спортико - на 5,66 милијарди долари. Телевизискиот канал НБС ја проценувал вредноста на Селтикс на 5,5 милијарди долари.

Ако се гледаат Топ 10 најскапи спортски колективи во секоја лига, во големата четворка само Бостон Селтикс и ЛА Лејкерс не владеат со свои арени што исто така се одразува на оценки и вредноста. Од таа причина пример Голден Стејт Вориорс го надминаа ЛА Лејкерс на рејтингот и покрај далеку поголемиот бренд на самите Лејкерси кои се и попопуларни и потрофејни.

ЗОШТО БОСТОН СЕЛТИКС ОТИДЕ НА ПРОДАЖБА?

Досегашните сопственици на Бостон имале три мотиви да го продадат шампионскиот клуб.

Меѓу првите и парична корист.

Компанијата Бостон Баскетбол Партнерс (Boston Basketball Partners) владее со Селтикс од 2002-ра година.

Пред 23 години семејството Грусбек кое со голема љубов го водеше Бостон Селтикс, со партнерите вложиле 360 милиони долари за кои сега некој би рекол „за само“ 360 милиони долари, а тоа во тоа време била рекордна зделка во НБА.

И во првите 10 години, и покрај шампионската титула од 2008-ма, клубот, вредноста/цената на клубот не растела со некое големо темпо.

Потоа следел голем скок, а во тоа многу влијаело кога Стив Балмер ги купил ЛА Клиперс за 2 милијарди долари во 2014-та. Од тогаш секој клуб во НБА расте ценовно.

Поточно, семејството Грусбек доаѓа до помалку лукава, итра идеја за сегашната продажба по гигантски профит. Главата на семејството, Ирвинг Грусбек кој сега има 90 години, додека гледал разни ТВ серии, како и секој милионер, и тој размислувал однапред што ќе се случи со неговото богатство по неговата смрт и составил „план за наследство“.

Грусбек се богати луѓе. Мулти-мулти милионери. Но не се милијардери. Тие можат да се носат со Харис, Балмер, Ишибија и многу други конкуренти. А следната година вредноста на составот на Бостон Селтикс може да достигне до 400-500 милиони годишно и рекордни 230+ милиони долари за плати за играчи и исто рекордни 230+ милионаи долари во „данок на луксуз/раскош“ (лигата има парични казни за пречекорување на границите за плати на играчи).

Од вакви и слични причини, Грусбек решиле да го продадат Бостон Селтикс.

КОЈ ГО КУПУВА КЛУБОТ?

Главен лик во зделката за купување на Бостон Селтикс е Бил Чисхолм. Покрај него има уште неколку бизнисмени (бо таа смисла и неколку актуелни минорни акционери во Бостон Селтикс), а 1 милијарда дава инвестицискиот гигант Sixth Street кој во исто време има и акции во Сан Антонио Спарс. Во НБА такви зделки не се забранети. А тоа е како истовремено да инвестирате и во Реал и во Барселона.

Бил Чисхолм ќе треба да го замени Грусбек во статусот главен, основен сопственик и управител.

Тој е основач и управувачки партнер и главен инвестициски директор на компанијата Simphony Tecnhology Group. Во портфолиото на овој инвестициски фонд има неколку разни индустрии а една од нив ќе стане и кошаркарски клуб.

Оваа компанија е со седиште во калифорнија но навивачите на Селтикс не треба да се плашат дека ќе им го преселат саканиот клуб. Чисхолм е локалец. Израснат е во Мсачусетц, учел во Дартмут, навива за Бостон Селтикс од детство и е практично „енциклопедиски познавач на историјата на клубот“.

До преселбата во Калифорнија Бил Чисхолм работел во бостонски финансиски компании меѓу кои и Bain&Company, каде работел и сегашниот ко-сопственик на Бостон, Стив Паљука. Токму Паљука бил фаворит за купување на акциите на Грусбек но не можел да најде така богат партнер во својата група каков што е инвестицискиот фонд Sixt Street.

Зделката ќе пројде во две етапи - 51% (ако се оди во согласност со планот на Грусбек) ќе биде купена сега, а останатите акции ќе бидат продадени до 2028-ма.

21 март 2025 - 13:20