Екипата на Фенербахче каде настапува нашиот интернационалец Бо Мекејлеб по првите три кола од Евролигата и натаму останува без бодови во групата Ф. На тешкото гостување во Тел Авив загуби од тимот на Макаби убедливо со 18 поени разлика.
По првиот дел мечот беше неизвесен, но и со релативно слаба реализиција, затоа што на пауза кошаркарите заминаа со резултат 36:36. И двете екипи посакуваа прва победа во топ 16 фазата, но домаќините беа поконкретни особено во последната четврина кога погодиуваа од сите позиции и направија фантастична предност од 38:25.
Нашиот плејмејкер заедно со Ромаин Сато и Богдановиќ беа најпрецизни кај екипата на Фенербахче со по 15 поени, а во периодот од 32 минути колку што се наоѓаше Бо на паркетот, реализираше уште и 4 скока и само една асистенција што за него претставува скромен учинок.
Во победничкиот тим најзаслужни за триумфот беа Рики Хикман кој оставри учинок од 24 поени, 5 скока и 5 асистенции, како и Шон Џејмс со 22 коша и 5 асистенции.
Вториот наш претставник во Евролигата, Перо Антиќ со екипата на Олимпијакос исто така има тешко гостување кое го очекува утревечер против тимот на Барселона.