Откако го одбранија домашниот терен и предноста која што ја стекнаа благодарение на првото место во регуларен дел, кошаркарите на Барселона го суредија Реал Мадрид и во престолнината, пред преполна „Визинк Арена“.
На крајот 93:82 за Барселона која што со 3 победи заслужено стигна до шампионскиот пехар во АЦБ лигата.
Избраниците на Јасикевичиус сезонава неколку пати беа подобри од Реал Мадрид во домашните натпреварувања и во Евролига, а „кралевите“ славеа во полуфинале на Евролига во Каунас кога го добија Ел класико а потоа и ја освоија титулата против Олимпијакос во финале.
Синоќа Барселона одигра маестрално. Никола Миротиќ со 14 поени, 6 скока и 2 асистенции беше меѓу подобрите поединци и заслужено ја доби МВП наградата. Јан Весели беше најефикасен синоќа со 19 поени, 3 скока и 1 асистенција, Рокас Јокубаитис даде 13 поени со 2 скока и 4 асистенции, Нико Лапротивола имаше 12 поени, 2 скока и 5 асистенции а Никола Калиниќ уфрли 10 поени со 1 скок и 2 асистенции.
Кај Реал Мадрид најефикасни беа Еди Таварес со 19 поени, 11 скока и 1 асистенција, Фабиен Козер со 11 поени и Гершон Јабуселе со 10 поени, 2 скока и 1 асистенција.
МВП наградата за најдобар играч на финалето ја доби Никола Миротиќ а трофејот му го врачи легендарниот Пау Гасол: