3 во 1, акција на вечерта во НБА

Хјустон Рокетс игра во добра форма а тоа го докажа и синоќа со триумфот 125-105 над Јута Џез. Џабари Смит беше најефикасен кај „ракетите“ со 31 поен и девет скока. Амен Томпсон додаде 20 поени со седум скока и три асистенции, Кевин Дурент имаше 18 поени со 12 асистенции а Алперен Шенѓун 16 поени со по девет скока и асистенции.

Токму Турчинот беше дел од врвната акција на Хјустон кога заби од позади, а Јута Џез сакаше да возврати на ист начин веднаш во следниот напад преку Коди Вилијамс кој доби блокада од Џабари Смит кој отвори контра:

 

24 февруари 2026 - 09:10