Тежок живот фоторепортерски

Ај што мора да пазат од горе да не им падне петарда или бакља над глава, туку треба да гледаат и од теренот да не долета некој волеј па да биде налет и фудбал и полуфинале и финале.

КАКО СЕ СТАНУВА СПОРТСКИ ФОТОРЕПОРТЕР?

Ретко кој од спортските фотографи има диплома од оваа струка, иако може да се случи на некој факултет за новинарство да има таков предмет. Но ако отидете на било кој спортски настан и ги прашате фоторепортерите, меѓу нив ќе најдете електро-инженери, економисти, правници или филолози. Некој би имал 18 години, некој 20, некој 35.

По некое непишано правило тоа им е хоби од детството кога ги сликале родителите, цвеќиња, пеперутки, паркови, а потоа ги привлекле фудбалот или кошарката.

Тајна на успехот не постои. Добрата фотографија од спортски настан во најголем дел зависи од талентот: или го имаш или не. Многу зависи и од искуството. На пример на финале на Светско првенство, Боби Чарлтон дава решавачки гол, а никој не го фатил тој момент за историјата.

Почетникот спортски фоторепортер не може да учи во теорија, туку само во пракса. Должен е сам да оди на стадион, да проба да слика и после мечот да ги анализира резултатите. Бесмислено е друг фотограф да му укажува на грешките кои би ги воочил самиот почетник ако има доволно сенс за фотографија.

Некој веруваат дека постои идеална положба за фотографирање, но не е така. Тоа зависи од конкретниот настан. Ако двајца, тројца или повеќе играчи трчаат непосредно пред вас, во моментот кога сликате едниот може да тргне на друга страна и да ви го попречи аголот.

ОПАСНОСТ ОД ПЕТАРДИ, БАКЉИ, ТОПОВСКИ УДАРИ

Неретко спортските фоторепортери се повредени на спортските настани. Често зад нив од трибините летаат ракети, бакљи или петарди кои паѓаат веднаш кај фоторепортерите. Во случај да не забележи а до него да падне топовски удар, фоторепортерот би можел да доживее и срцев напад.

Се сеќаваме на црниот момент од Европското 2016 и мечот Хрватска - Чешка кога еден редар одлета неколку метри од експлозијата на топовски удар.

Некои стадиони имаат трибини оградени со висечки мрежи кој се заштита за редарите и фоторепортерите. Ај што треба да пазат што ќе им летне од горе, туку треба да внимаваат и на теренот, затоа што редовно некој фоторепортер страда од силните шутеви на фудбалерите пред голот. Во хокејот е далеку поопасно, затоа што тешко е да се одреди патот на пакот.

ИЗБОРОТ НА МЕСТОПОЛОЖБА И ПРАВИЛАТА НА СТАДИОНИТЕ

На Светските и Европските првенства се е многу построго: доаѓаш на свое место, застануваш и тука си цел натпревар. На големите натпреварувања има распоред на местата кои се поделени на три групи:

Првата е приоритетна група - фотографи од земјите кои играат во моментот и сите светски најголеми агенции: Reuters, Associated Press, Getty Images итн. Втора група - фотографи од домаќинот организатор на првенството или фотографи од репрезентациите кои се во иста група со селекциите кои играат во моментот и големите медиуми како L'Equipe или Gazzetta dello Sport. Во третата група се сите останати. На домашните првенства нема толку сурови ограничувања и фотографите имаат поголем простор.

Борбата за добар агол некогаш е толку жустра што доаѓа и до непријатни ситуации меѓу самите фоторепортери за кого добра фотографија од спортски настан е исто како и гол или кош на самиот спортист.