Фудбал

Шпанците сакаат таа да им суди

Фернанда Коломбо, родена 91-ра во Бразил почна како линиски судија, стана многу популарна, а успеа да се пробие и како главен судија во бразилската Серија А. Марка тврди дека таа има шпански корени и дека може да суди во Ла Лига. И после ако не му дели картони на Роналдо сите ќе трубат дека имаат нешто.

Потивко, мастерот држи предавање

Кака, Роналдињо и Ривалдо играа во различни клубови, освојуваа многу пехари на други страни, но беа согласни во едно. Техниката ја подобриле благодарение на Феноменот.

11 клубови, 1 трофеј - Валери Божинов

Бугаринот Валери Божинов има ресепктабилна кариера. Играше во Јувентус, во Парма, во Манчестер Сити, во Лече, смени вкупно 11 клубови за на крајот да го освои првиот трофеј и тоа во српскиот куп со Партизан.

Изгледа дека Белгија само ќе напаѓа на ЕП

Марк Вилмотс го објави официналниот состав за ЕП 2016 од кој ќе отпадне само еден играч. Во одбрана повредениот Компани ќе го менува 20 годишниот Џејсон Денајер од Галатасарај, но она што е најинтересно за издвојување е неговиот избор во напад. Според оваа најава од Фудбалската федерација на Белгија, тој се реши да патува во Франција со четворица играчи од среден и ред и дури 8 напаѓачи.

Како ќе изгледаше Бенфика ако не продаваше од 2010-та

Португалските клубови особено Порто, Бенфика и Спортинг имаат силни врски со Јужна Америка, а тоа им носи бизнис купи евтино – продај скапо, како што е последната зделка со малиот Ренато кој го дадоа во Баерн Минхен за еден куп пари.

Човекот кој направи Бејл да заработува колку Меси

Џонатан Барнет е агент на неколку познати фудбалери меѓу кои најпознат е Герет Бејл. Барнет почнал да менаџира во боксот, но набрзо намирисал дека убава пара лежи во фудбалот.

Репрезентацијата на Турција која освои бронза на СП 2002

Најсилниот состав во историјата на турскиот фудбал пред 14 години се качи на светскиот подиум како трета репрезентација на Мундијалот одржан во Јужна Кореа и Јапонија. Каде се сега актерите на тој успех?

Судијата кој не издржа да слуша „судија педер“

И да признаеше и да не признаеше исто му е, бидејќи таа фраза е втемелена во незадоволниот навивач од судењето, но тука разликата е што навредите вистински го допреле.

Чудна казна за тинејџер на Интер

Зате Вилфред Гнокури од Брегот на Слоновата Коска кој е инаку брат на фудбалерот на Интер Асане Гнокури, се соочува со суспензија која може да му го промени фудбалскиот пат кој допрва треба да го трасира. Роден е 2000-та, настапува за младинскиот тим на Интер и на меч против Аталанта доби црвен картон. Судиската комисија донесе сосема шокантна одлука, а тоа е суспензија од две години со образложение дека го навредувал и му се заканувал на судијата.

Со каков стадион се прости Вест Хем

По 112 години емоции, Вест Хем синоќа се прости од Болејн Граунд, стадионот кој многу значи за источен Лондон. „Чеканите" ќе играат на модерниот Олимписки стадион кого го изнајмија на 99 години.

Судија лаже, камера не лаже

Аматерска лига во Англија со камера поставена на место каде може да заврши многу прецизна работа од судијата, кој го поништи овој лоб удар од пола терен.

Руни загрижен, а Лингард под импресии од инцидентот

Синоќешниот натпревар меѓу Вест Хем и Манчестер Јунајтед доцнеше 45 минути поради нападот врз клупскиот автобус на гостите. Навивачите на Вест Хем гаѓаа со што ќе стигнат, а играчите лежеа на под и снимаа со телефони. Ван Гал и Руни изјавија дека биле загрижени кога виделе дека камења и шишиња летале накај нив, а забава од целиот настан направи Џеси Лингард

Реал ќе ни даде паричка ако ја победиме Барса

Голманот на хрватската репрезентација и на Гранада, Иван Келава изјави дека соиграчите му кажале дека Реал ќе ги премира во случај да и скинат некој бод на Барса во последното коло.

Необичната фудбалска кариера на Саади Гадафи во Италија

Синот на Муамар Ел Гадафи четири години беше член на италијански прволигашки екипи, два пати влезе како резерва а анегдотите поврзани со него сè уште се прераскажуваат на Апенинскиот Полуостров.

Фудбалскиот пат на легендата со невестински газ и рамни стапала

Французинот стана првиот фудбалер кој три пати по ред ја освои Златната топка пред Лионел Меси. Со помош на својата класа, амбиција и остар карактер стигна до врвот кој потоа си го извалка во друштво на Блатер.

Излегуваш на улица и 10 луѓе го сликаат твојот дом

Човекот кој на 5 години првпат бил на стариот Хајбери, 36 години подоцна живее во стан на Западната трибина од каде низ прозорот гледа на некогашниот терен и се сеќава на амбиентот на овој легендарен стадион.

Среќен роденден легендо со овие 5 гола

272 гола, 3 титули во Премиер лига, 4 ФА Купови и статуа од него до стадион е доволен багаж за Арсенал да му го означи денешниот 47-ми роденден.

Воиграна акција после 1000 тренинзи

По тренинзи и тренинзи, воиграната комбинација требаше да се изведе во моментот кога противничката одбрана најмалку се надева и да се фати на препад.

Што му рекле на Варди на 16 години

За новата ѕвезда во Премиер лигата слушнавме дека одел пијан на тренинзи кога играл во четврта лига, а сега обелодени уште една работа од неговото минато интересна за јавноста.

Кој е малиот за кој Баерн даде 35 милиони евра?

Репрезентативецот на Португалија кој има 18 години, Ренато Санчез ги поминал медицинските прегледи во Баерн Минхен и денес потпишал договор според кој Бенфика ќе заработи 35 милиони евра. Румениге изјави дека одамна не видел дака доминантен фудбалер како Ренато. Во меѓувреме од Дортмунд соопштија дека Матс Хумелс е продаден за 38 милиони евра во Баерн Минхен.

10 предвидувања за Премиер лига, сезона 2015/2016

5 август 2015-та или три дена пред почетокот на сезоната во Премиер лигата во која најспоменуваниот збор ќе биде Лестер. Ќе им го избркале тренерот, ќе се бореле за опстанок, Челси ќе ја освоел титулата...Аха, ок.

Расниот стрелец кој стана тренер - Хернан Креспо

Креспо беше еден од ретките кои играле во речиси сите големци на италијанскиот фудбал. Се изнадава голови во дресовите на Парма, Лацио, Интер и Милан и по завршувањето на кариерата реши да го пренесува занаетот на помладите.

Казнети затоа што го сакаат фудбалот

Од крајност во крајност е состојбата на стадионите во Нигерија и Македонија. Кај нас доаѓаат 200 луѓе од кои 100 пцујат, 50 грицкаат семки, а 50 само чекаат кога ќе примиме гол затоа што ја играле во кладилница. Во Нигерија друга слика. Таму на мечот против Египет во март на стадион со капацитет од 16.000 дошле околу 40.000. Безбедноста намалена, ризикот голем колку и љубовта кон репрезентацијата.

Фудбалери кои ќе го пропуштат Европското

Повредата секогаш се случува во незгодно време, но играчите кои поради неа ги пропуштаат големите турнири се навистина за жалење, затоа што настап на Европско или Светско неретко се случува еднаш во кариерата.