Најчудните пријателски натпревари на лето

Бразил слави јубилеј, Флуминенсе кани на дуел англиски четвртолигаш. Во Виетнам гори, а се појавува американски клуб на пријателска. Клуб Бриж игра на терен за голф, а Хари Реднап пушта во игра навивач.

Далас Торнадо – Селекцијата на Виетнам (1967)

Среде војна во Виетнам, тимот на Далас Торнадо гостува на пријателска средба во Виетнам. Но атмосферата не е баш пријателска. Фудбалерите од Тексас се појавиле со капи како каубојци.

Оксфорд Сити – Вест Хем (1994)

Хари Реднап со Вест Хем игра пријателска против Оксфорд. Навивач на Вест Хем постојано го навредува од трибина и него и целиот тим. Реднап решил да му даде дрес, шорцеви и копачки и да го пушти во игра, а тој успеал да постигне и гол.

По многу години се сретнаа

Барнет – Арсенал (2004)

Пријателска меѓу петтолигаш и шампионот на Англија која почнува со 1:0 за Барнет. Конечни 1:10.

Плимут – Реал Мадрид (2006)

Фабио Капело е тазе тренер на Реал Мадрид и одлучува да го носи тимот на подготовки во Австрија. Одбраа хотел, ама има еден проблем, таму е сместен и Плимут. Што ќе правиме, ќе играме пријателска која заврши само 1:0 за Кралевите.

Бурнемут – Реал Мадрид (2013)

За да го прослават пласманот во Премиер лига, Бурнемут го канат на пријателска Реал Мадрид, речиси на шала бидејќи се сигурни дека нема да прифатат. Прифатија и победија 6:0.

Клуб Бриж – Редклив Бороу (2013)

Требаше да играат на стадионот на англискиот нисколигаш, но теренот бил во лоша состојба и се преселиле на терен наменет за голф.

Флуминезе У23 – Ексетер Сити (2014)

Зошто младинците на Флуминенсе од Бразил би играле пријателска со англиски четвртолигаш? Бидејќи се славеше 100 годишнина од првиот меч на бразилската фудбалска репрезентација и во таа чест играа овие две екипи.

Гердеина – Лидс Јунајтед (2014)

Масимо Челино го купува Лидс и го носи на пријателски дуел против аматерски дуел. Резултат: 16:0 за Лидс, Многу корисен меч.

Лион – Шахтјор (2014)

Натпревар кој стана жално славен само поради една причина. По мечот шест фудбалери на Шахтјор одбиваат да се вратат во Украина бидејќи воениот конфликт со Русија се вжешти.

Стокпорт Каунти – резервите на Барнли (2015)

Меч кој беше закажан, но не се одигра. Причини? Закани меѓу двете навивачки групи, а инаку се работи за тим кој треба да игра со резерви и тим кој е дел од аматерските рангови.

21 јули 2016 - 16:25