Од крајност во крајност е состојбата на стадионите во Нигерија и Македонија. Кај нас доаѓаат 200 луѓе од кои 100 пцујат, 50 грицкаат семки, а 50 само чекаат кога ќе примиме гол затоа што ја играле во кладилница. Во Нигерија друга слика. Таму на мечот против Египет во март на стадион со капацитет од 16.000 дошле околу 40.000. Безбедноста намалена, ризикот голем колку и љубовта кон репрезентацијата.
Повредата секогаш се случува во незгодно време, но играчите кои поради неа ги пропуштаат големите турнири се навистина за жалење, затоа што настап на Европско или Светско неретко се случува еднаш во кариерата.
Видеово има преку 200.000 прегледи за еден ден, веројатно затоа што кој како го пуштил го изгледал по едно 10 пати за да се обиде да сфати што точно уствари направи Бразилецов.
Пред 12 години селекцијата на Шведска имаше одличен напаѓачки тандем кој ја однесе својата земја во четвртфинале на Европско првенство, а летово тандемот може да го има истото име, но со една помлада и надежна генерација.
Кога се гледа Барселона, човек не знае кој попрво ќе направи магија, дали Нејмар, дали Меси или Суарез, дали Иниеста. Во спектарот на врвни потези, нам особено убави за око ни се додавањата на Меси до левиот бек Алба.
Вардар, Шкендија, Работнички и Силекс се клубовите кои ќе ја претставуваат Македонија во Европа, а своите противници ќе ги добијат на 20-ти јуни. Привилегирани на ждрепката се само Романтичарите.
Клубот кој се формираше во 2009 година и тргна од петта лига, викендов за прв пат во својата историја обезбеди пласман во Бундеслигата. Во големото славје кое почна традиционално со пиво стратегот на Лајпциг, Ралф Рангник влезе во ризичен спринт кој го чинеше истекнување на мускул.
Точно еден месец пред почетокот на Европското 2016, Антонио Конте ќе треба да го соопшти конечниот список на фудбалери кои ќе патуваат во Франција. Повредени и дилеми има како никогаш претходно.
Пред последната рунда од шпанскиот фудбал, Барса му бега еден бод на Реал Мадрид. Во финишот и двете екипи гостуваат, а еве ги случаите низ историјата на шпанскиот фудбал кога еден тим ја загубил титулата во последното 38 коло.
„Тони заменик-градоначалник“, „Клонирајте го“, „Како него нема никој друг“, беа само дел од паролите испишани од навивачите на Верона на мечот против Јувентус кој беше последен во кариерата на високиот центарфор. Тони од пенал со Паненка го постигна 324 гол во кариерата на 344 натпревар. Го заменија во 85’ минута кога целиот стадион стана да го поздрави шампионот.
Со триумфот над Шкупи од 2:0, црвено црните на едно коло до крајот на сезоната се на 5 бода пред Шкендија и со тоа стигнаа до својата јубилејна 10-та шампионска титула во својата историја. Поради казната од ФФМ, мечот го играа во Пробиштип од каде почна славјето.
Фудбалерите на Ајакс и ПСВ се актерите кои го донесоа највозбудливиот финиш оваа сезона во однос на решавањето на титула во европскиот фудбал. Виновен за тоа е тимот од Амстердам кој киксна против екипа која е веќе во втора лига.
Последното коло за Рома на Олимпико оваа сезона беше Totti day. Капитенот кој остаре во истиот дрес од 92-ра, денеска против Киево одбележа 600 настапи во Серија А (само Малдини и Занети имаат повеќе). 55.508 гледачи направија спектакл во негова чест, а за збогум не стана збор бидејќи се очекува да го официјализира договорот за уште една година. На 27 септември полни 40 години.
Славниот италијански тенор, Андреа Бочели испеа една две од своите фамозни арии пред почетокот на мечот Лестер - Евертон. Бочели во Англија дошол на покана на неговиот пријател Клаудио Раниери. Капитенот Вес Морган го крена трофејот.
Тренерот на Црвена звезда, Миодраг Божовиќ долги години во играчката кариера носел одело пред секој тренинг и натпревар по што го добил прекарот Гроф. На денешниот меч Звезда - Војводина толку многу го пцуеше судијата што докажа дека оделото не го чини човекот.
„Ме понесе еуфоријата. Незгодно ми е, затоа што тоа не е мој обичај. Се извинувам и на Скомина и на сите, кои ги навредив пред се во Словенија", изјави Лука Модриќ.
Благодарение на подобрата гол разлика од директниот ривал, Мидлзборо успеа да се пласира во Премиер лигата и покрај ремито од 1:1 со Брајтон. Убедливо прв во Чемпионшип е Барнли кој пласман обезбеди минатиот понеделник.
Славјето во домот на Варди откако во понеделникот лондонското дерби заврши без победник, беше само вовед во славјето кое допрва ќе следи во редовите на Лестер кој го има најшеруваниот твит во историјата на спортот.
Даниел Стариџ беше еден од стрелците на вчерашниот триумф на црвените против Виљареал, вреден финале во Лига Европа. По мечот го повикаа на допинг тест, но другарчињата не го почекаа за славје.
Само неколку часа откако објави дека ја завршува кариерата по крајот на сезонава, Лука Тони морал да се појави на суд во Минхен поради тоа што не плаќал данок кон црквата.
Фудбалер кој настапува во третата шпанска лига не може повеќе да го издржи резилот бидејќи неговиот тим Урака Б губи 10:0 од Линенсе. Ситуацијата на терен стигнува до таму што играчот пушта солзи и добива утеха од судијата.