Тато зошто плаче Барези?

Франко Барези го освои Мундијалот во 1982-та како млад 22 годишен фудбалер. Но посакуваше уште еден со кој ќе се простеше од фудбалот како ветеран на 34 години на СП 1994. Неговиот очај низ еден разговор татко - син.

Последната можност. Таа ноќ научив нешто на што не би помислил никогаш. Баџо шутира високо, во Бразил се гушкаат, татко ми удира со тупаница по маса. Но вистинската драма е онаа на Барези. Ние имаме време за радост и за удирање по маса. Баџо може да не врати. Барези не може и поради тоа очајува. Не како другите, туку повеќе од другите. За ова влезе да игра 24 дена после операцијата на менискусот. Тоа е ризик, пишуваа весниците.

Но тоа е неговата последна шанса. Сече, се шие, го става Ромарио “во притвор“ 120 минути и се рестартира. Гордо, елегантно, како секогаш. Како неговата последна повреда да не беше дел од неговата историја, како да му поминала. „Мистер дозволете ми да изведам пенал“. Затоа што сега и никогаш повеле, бидејќи тие 11 метри се наследство кое за четири години треба некој да го собере, бидејќи треба да даде пример, па дури и да има грчеви.

Во цртаните филмови кои ги гледав како дете, последната шанса беше увертира за успехот на добрите против лошите. Тоа на Барези беше совршен заговор. Тој заслужува големо финале. Наместо тоа, шутира високо, многу високо. Неговата топка завршува надвор од рамките на голот. Неговиот обид е како оној на Баџо, додека Тафарел му ја фаќа на Масаро. Аѕурите се во очај, татко ми удира по маса, а јас не успевам да го тргнам погледот од Барези.

Неговото разочарување е поинтензивно за разлика од другите. Има обележје на херој кој направи сè за да учествува во конечната битка, последното ниво на видео игра кој речиси е завршена. Им се случува на сите, ни се случило и на нас, но било доволно повторно да го вклучиме Нинтендото и пак од ново. Овој пат не, овој пат game over-от боли. Навистина боли.

18 јули 2016 - 09:40