Сме ги гледале многу пати, но обично од оној стандарден страничен агол. Ова е снимано од чело и ја доловува убаво целосната слика со се гужвата зад гол. Финале на СП 1994, Бразил - Италија 3:2. Промашуваат иконите Барези и Баџо.
Џанлука Паљука, Паоло Малдини, Франко Барези, Антонио Конте, Дино Баџо, Роберто Баџо - плејада врвни италијански фудбалери кои тргнаа послабо на Мундијалот а потоа маестрално стигнаа до финалето каде се случи легендарниот пенал на „малиот Буда“:
Иако важел за џентлмен на теренот, чесен и пристоен човек кој одбил да остане во Америка по испаѓањето од Светското и решил да се врати дома меѓу своите Колумбијци, асфалтот немал милост за него.
Промашениот пенал на Роберто Баџо е симбол на САД 1994, ама не го промаши само он цел гол. Во минута и кусур ѕирнете го отворањето од тој Мундијал на кое легендарната пејачка Дајана Рос добива сосема погрешна задача.
Кога на 28 јуни се споменува некој спортски настан во рубриката „На денешен ден“, по важност на прво место без конкуренција оди натпревар кој навидум немаше никаква важност, но на крај се издвои како посебен, неповторлив и многу важен.
Најдобриот голман во историјата на Мексико модата од плажите на Акапулко ја пренесе на теренот и носеше психоделични дресови кои ги заслепуваа напаѓачите. Подоцна вакви дресови облекуваа Симан, Ван дер сар, Чилаверт, Борислав Михајлов...
Кога најдобриот романски фудбалер во историјата поради разни околности беше на излезна врата од Реал Мадрид во 1992 година, реши да се пресели во Бреша и да стане клучен играч во романската револуција на Мирчеа Луческу.
На една од најубавите средби од Мундијалот 1994 година во САД, Аргентина со 4-0 ја збриша Грција. Три парчиња им спакува Габриел Батистута а голот на Марадона во 60-та минута го збудале и коментаторот и самиот Диего кој подоцна го суспендираа поради тоа што паднал на ефедрин.
Франко Барези го освои Мундијалот во 1982-та како млад 22 годишен фудбалер. Но посакуваше уште еден со кој ќе се простеше од фудбалот како ветеран на 34 години на СП 1994. Неговиот очај низ еден разговор татко - син.
Можеби најдобриот Мундијал во историјата, во САД 1994 остана во сенка на трагичниот настан во Колумбија каде на 2. јули беше убиен бекот на оваа репрезентација поради автоголот со кој Колумбијците испаднаа од САД.
Газдата на ФИАТ, Џани Ањели бил спремен да отвори фабрика во Романија, само Чаушеску да му го даде Георге Хаџи во Јувентус. Христо Стоичков имал мака со комунистичката власт во Бугарија која не дозволувала трансфер во странство до 28 години.
До ЕП 2016 останаа уште 44 дена, а тоа значи дека колекционерите на сликички Panini почнуваат со традиционалното полнење на албумот за таа прилика. Целата сторија тргнува од еден милански подрум.
Најголемиот бугарски фудбалер на сите времиња беше прв стрелец на Мундијалот во САД 1994 година. Бурниот темперамент не му дозволи подолго да се задржи на светскиот врв, од каде се спушти со ротационо светло на својот џип по кафаните во Софија.
Улогата голман-играч на маалските терени потекнува од Мексиканецот висок 168 сантиметри, поради што со екипата секогаш се сликаше застанат на топка. Синоним за универзален забавувач, Хорхе Кампос е голманот што постигна неколку евроголови.