Неповторливото чувство на Ибра од миланското дерби

Позната е онаа стара фотографија од Златан Ибрахимовиќ како лежи и чита за неговиот идол од кој има закачено и постер. Но има и едно видео на таа тема кое ќе остане легендарно.

Ибрахимовиќ беше член на Интер од 2006-та до 2009-та, а Роналдо беше во Милан во сезоната 2007/2008. Златан Ибрахимовиќ дава објаснување кога го видел за прв пат Роналдо во живо на градското дерби во 2007-ма.

„Никогаш нема да го заборавам кога игравме дерби во Милан, кога само на еден метар од мене го здогледав Роналдо. Неповторливо е чувството да стоиш покрај својот идол кој си го следел од детството. Чуваш постери од него во соба и сонуваш на бидеш како него. Фантастично.“

Роналдо и Ибрахимовиќ носеа исти дресови, но никогаш не се погодија заедно во тим.

Ибра се сликаше со својот идол пред две и пол години на мечот меѓу ПСЖ и Ница.

15 јули 2016 - 15:04