Аитор Каранка
Поранешниот стопер на Реал Мадрид, Баскиецот Аитор Каранка е меѓу поуспешните тренери-поранешни играчи во Европа. Со Мидлзборо успеа од екстремно тешкиот Чемпионшип да влезе во Премиер лигата. Клубот летово му донесе и неколку звучни засилувања за новата сезона.
Јап Стам
Поранешниот стопер на Лацио, Манчестер Јунајтед и Милан, Јап Стап е тренер на англискиот Рединг. Претпоставуваме колку борбено ќе играат под негова палка.
Џими Флојд Хазелбанк
Легендарниот поранешен напаѓач на Атлетико Мадрид, Челси и Лидс, Џими Флојд Хаселбанк е шеф на струката во КПР. Холанѓанецот веќе доби позитивни критики од тренерите во Англија.
Хуан Еснајдер
Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Јувентус, Хуан Еснајдер е главен тренер на шпанскиот Хетафе.
Фернандо Јеро
Долгогодишниот капитен на Реал Мадрид денес е главен тренер на Овиедо.
Фабио Канаваро
Капитенот на златната Италија од Мундијалот 2006-та во Германија и поранешен фудбалер на Интер, Јувентус и Реал Мадрид, Фабио Канаваро е главен тренер на кинескиот Тјанцин Сунцјан.
Кристијан Панучи
Десната рака на Фабио Капело кој го водеше со себе во Рома и Реал Мадрид, Кристијан Панучи е прв тренер на Тернана во Серија Б.
Симоне Инѕаги
Некогашниот напаѓач на Лацио сега е главен тренер на римскиот клуб. Октако Аргентинецот Марсело Биелса не се најде со раководството на клубот и по само 48 часа даде оставка, Клаудио Лотито реши екипата да ја води довчерашниот тренер на Примавера (младинците на Лацио).
Џовани ван Бронхорст
Иако чудно делува облечен во костим, левиот бек на Барселона и Арсенал веќе неколку сезони е главен тренер на Феенорд Ротердам.