Ќе биде ли Лестер повторно шампион и колкав е коефициентот?

Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Челси годинава добија нови тренери, Раниери посакува опстанок и не се истрчува со изјави исто како лани, а пари во кладилница се ставаат на Барнли.

Коефициентот за Лестер да биде шампион на Премиер лигата за минатата сезона беше 5.000, а тие што се пробаа на оваа квота се збогатија. За следнава сезона кладилниците драстично го намалија коефициентот за титула на Лестер и тој се движи од 25 до 33.

Парадоксално на тоа, кладилниците им даваат на Лисиците поголеми шанси за испаѓање во втора лига и коефициент за тоа изнесува од 14 до 20.

Најголеми шанси за титула во Премиер лигата според англиските кладилници има Манчестер Сити, па Манчестер Јунајтед, Арсенал, а четврти е Челси. Лестер го сместуваат на седмата позиција, а третопласираниот Тотенхем на шеста.

Клаудио Раниери оди повторно скромно, без излетувања. Изјавата за амбициите на Лестер е речиси идентична како онаа од минатата сезона.

„Се надевам дека ќе освоиме 40 бодови. Потоа ќе се надеваме на место во Топ 10, па пласман во Лигата на шампионите, а на крајот се надевам дека ќе се замешаме и во битката за некој трофеј. Ќе биде тешко, но ние сме борци, се надевам дека ќе го повториме сонот со Лестер. Сите се прашуваат што ќе се случува со нас во новата сезона. Премиер лигата ќе биде уште поинтересна бидејќи повеќе клубови донесоа нови тренери и фудбалери, вели италијанскиот тренер.

Тоа што лани Лестер стана шампион во Премиер лига, сега ги тера луѓето да бркаат изненадување кај Барнли.

„Успехот на Лестер целосно го смени односот на обложувачите, бидејќи никогаш како сега екипите кои не важат за фаворити доаѓаат предвид, како што може да се види од облозите кои стигнуваат за Барнли кој сезонава ќе биде нов премиерлигаш“, објануваат од Paddy Power.

Шансите на топ 3 фаворитите за титула во Премиер лигата за сезоната 2016/2017:

Ladbrokes: 
City 12/5
United 7/2
Arsenal 6/1 

William Hill:
City 2/1
United 7/2
Arsenal 6/1

Betfair:
City 2/1
United 4/1
Arsenal 6/1

Paddy Power:
City 9/4
United 10/3
Arsenal 6/1

Sky Bet:
City 2/1
United 7/2
Arsenal 11/2

Коефициентите на сите екипи според .bet-at-home:

15 јули 2016 - 16:52