Не го носите дрес, несреќа носи.
„На мене еднаш ми го раскажаа тоа дека постои дрес кој навистина носи несреќа. Но се разбира, јас не верувам во тоа и почнав да се смеам“, вели Андриј Шевченко кој ја избегна катастрофата и си продолжи со бројот 7 исто како во Милан.
По една година од соблекувалната на Челси Матеја Кежман на шега рече: „Не ја носете ве молам, проклета е“ и веројатно тогаш почна проклетството на дресот со број 9.
12 години се редеа разни фудбалери кои ја носеа и на никој не му се посреќи. Се започна по Џими Флој Хазелбанк кој за 4 сезони во Челси постигна 88 голови на сите натпреварувања, но потоа никој не успеа како него со 9-ката.
Кежман пристигна во Лондон во 2004-та, годината кога дојде Мурињо.
„Трансферот во Челси ми изгледаше како сон, но кога ми го дадоа дресот со број 9 не знаев дали да се смеам“, вели Кежман
Му понудил на Дрогба да се трампаат со дресови, но тој не му ни одговорил. Кога Муту бил избркан од тим поради земање кокаин, Кежман ја барал 7-та, но не му ја дозволиле. На 25 меча постигна само 4 гола, премалку за него и само еден од нив беше клучен, а тоа е во продолженијата на финалето против Ливерпул во Карлинг Купот.
Настапите на Кежман минаа во сенка во сезоната која беше пресвртница за новиот Челси под водство на Роман Абрамович. Кежман постигна 105 гола на 122 меча, а во останатите 7 години од кариерата постигна 31.
Потоа истиот дрес го облече Хернан Креспо кој направи кам бек на Стемфорд Бриџ. Постигна 10 гола, што и не е многу лошо, но од 9-ка како него секогаш се очекува повеќе. Креспо не беше тој истиот како од Серија А каде ги полнеше мрежите и тој му стана одвишок на Мурињо.
Се сеќавате ли на Халид Буларуз кој од Хамбург пред 10 години направи трансфер во Челси. Кога потпиша единствениот слободен дрес беше оној со број 9. Холанѓанецот е дефанзивец но го облече и се појави на само 13 меча. Конкуренција му беа Тери и Карваљо, но кога Португалецот се повреди, Мурињо не му даде шанса, туку централен дефанзивец го стави да игра Есиен.
Толку од искуството на Буларуз кој му ја предаде 9-ката на Стив Сидвел, играч од среден ред израснат во академијата на Арсенал. Негово искуство со Челси траеше една сезона и потоа во 2008-ма се појавува Аргентинецот Франко Ди Санто, напаѓач со број 9, настапи 8, голови 0.
Штафетата му ја предаде на Фернандо Торес за кој добро паметиме дека во Челси беше далеку од тоа што беше во Ливерпул. Во Ливерпул 142 настапи и 81 гол, а во Челси 172 настапи и 45 гола.
Знаете последен кој ја носеше 9-ката во Челси? Радамел Фалкао.