Фудбал

Куче го прекина мечот Сан Лоренцо - Арсенал Саранди

Маркос Сенеси го постигна единствениот гол во триумфот на Сан Лоренцо над Саранди со 1-0, но славата му ја зема едно мало интересно куче кое после мечот даваше интервју.

6 натпревари, 10 обиди, 9 гола

Тоа „Стар е кај го купуваат сега на 30 или 31 година“ е само погрешна проценка. За фудбалер да кажеш дека е стар на тие години е смешно, особено ако ја видите возраста на еден Фалкао или Роналдо кои се родени 86-та. Во Франција сезонава не се врти се околу ПСЖ и нивните пари.

Шоуто на Драгиќ со италијански коментатор

Со 35 поени од кои 20 во втора четвртина, 7 скокови, 3 асистенции и 2 украдени топки, Горан Драгиќ го освои признанието за МВП на Евробаскетот 2017-та. Италијанските коментатори не се палат само на фудбал.

Што не штима во управата на Барса и кој е лидер на опозиција?

Најтешкото лето во современата историја на Барселона значително ја ослабна позицијата на претседателот на клубот Жозеп Бартомеу на кого му се остри опозицијата. Во Барселона на големо се собираат потписи за референдумско прашање за недоверба кон првиот човек.

Јеремија и неговиот славен татко кој каснел на фудбал поради рибарење

Беше малку потценет и му фалеше континуитет во настапите, но без разлика на сè, беше играчиште и непредвидлив со тоа шутчето од далеку. Дури и на син му не му било јасно колку ценет татко има.

Десниот бек преку кој Нејмар не можеше

ПСЖ го победи Лион со 2-0 а притоа не даде ниту еден гол затоа што гостите си постигнаа два автогола. Еден од највпечатливите моменти на мечот беше обидот на Нејмар да го дрибла десниот бек од Холандија, Кени Тете.

Десниот бек преку кој Нејмар не можеше

ПСЖ го победи Лион со 2-0 а притоа не даде ниту еден гол затоа што гостите си постигнаа два автогола. Еден од највпечатливите моменти на мечот беше обидот на Нејмар да го дрибла десниот бек од Холандија, Кени Тете.

Реал Мадрид го израмни светскиот рекорд на Пеле

На фудбалерите на Барселона тоа им успеа на 44 меча по ред, на Баерн Минхен 61, ама и едните и другите се далеку од Реал Мадрид кој во среда најверојатно ќе го мине рекордот и на Сантос.

Кога ќе дочекаме полн стадион и ваква атмосфера?

Пазете ја атмосферата на Mercedes-Benz Stadium за време на натпревар на фудбалскиот тим Атланта Јунајтед и потсете се колку публика имаше на Вардар во ЛЕ и колку одат на репрезентација. Па нели Американците се повеќе по бејзбол, НБА и НЛФ? За греота сме, тие го накрцале нивното ново чудо со 70.000 публика, а ние се мачиме пола стадион да наполниме кој има двојно помал капацитет од овој, а сигурно сме поголеми фанатици од нив за фудбал.

Каква акција и завршница падна во 181-та фудбалска земја во светот

Двојното проигрување и мајсторијата со жонглирање не е дело на Меси - Суарез, Нејмар - Мбапе или Игуаин - Дибала, туку на за нас анонимни играчи од Кувајт. Ма браво, лупајте на најавна шпица.

Колку души може да издрибла Меси за 4 секунди?

Гледајте и броите. Прво му се пушти еден зад грб кој немаше шанси, па се протна меѓу двајца, па помина уште еден. Ако го поминеше и петтиот тоа ќе беше пола тим и чиста ситуација пред гол. Слалом на ситно против Хетафе.

Рефлекс на Хандановиќ за медал

Да му ставиш на Самир Хандановиќ епитет голманиште не е премногу. Словенецот често се фрла како пантер и спасува чисти голови, како што беше денес на Кротоне - Интер 0:2. Па не може секој вака да реагира од два метри. 

Пике во улога на рагбист и ракометар

На Жерар Пике нешто не му оди во одбрана, па почна да си помага со рацете. Првата ситуација беше за црвен картон, а втората за пенал. Скроз го поштедија до двата наврати. Хетафе - Барселона конечни 1:2.

Висок пораз на Металург на тешкото гостување во Франција

По ланските два дуела во групната фаза, кои завршија со победа на Монпеље (28-18 и 30-24), тимот од Автокоманда ја загуби и трета меѓусебна пресметка во првото коло од новата сезона 2017/2018 во Лигата на шампионите.

Енис Барди ја тресна и Валенсија

Македонскиот репрезентативец не е опасен само од слободни удари, а тоа го покажа на денешниот натпревар од 4. коло во Ла Лига. Откако фудбалерите на Валенсија поведоа по половина час игра, на четири минути до паузата Барди одлично се снајде во шеснаесетник и на мајсторски начин го матираше Нето за 1:1.

Прв клуб кој играше без Европеец во Лига Европа

На мечот од 1. коло на Лига Европа меѓу Викторија Гимараеш и Ред Бул Салцбург ретко кој забележал посебен момент кој стана историски.

Најубавиот гол на месецот во Чемпионшип го постигна Алиоски

Само четири кола му беа потребни да поминат во дресот на Лидс, за Езџан Алиоски на англиската публика да им покаже колку добро знае да нишани од далеку. Неговиот гостински погодок против Нотингем Форест и негов дебитански во Чемпионшип е прогласен за гол на месецот.

Вардар плаќал наем како да игра на „Вембли“, управата шокирана

Комплетното раководство на ФК Вардар отвори душа за сите тековни работи во и околу клубот. Тотално се разочарани од Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор кое им побарало 40.000 евра за еден меч на „Филип Втори“.

Самсоненко останува во Вардар и ветува подобра кампања за ЛЕ

Откако пред еден месец Сергеј Самсоненко ја шокираше јавноста дека се повлекува од сите три клуба кои ги финансира, денеска изјави дека се пишмани и дека останува и во добро и во зло. Во однос на мечот со Зенит имаше пофални зборови за навивањето на Комитите и критики за маркетингот.

Ако сте со едно ’Л’ тогаш бујрум нови дресови

Францускиот фудбалски клуб Монпеље добил грешно печатени дресови на коишто името на клубот наместо со две букви ’Л’ во него го напишале со едно по што морале да бараат чаре.

Некои разлики во фудбалот денес и во 50-те

Марко Асенсио кој важи за еден од најперспективните млади играчи од Шпанија, не беше во комбинација за настап во првото коло од ЛШ меѓу Реал и АПОЕЛ. Зошто? Затоа што се делилирал, фатил инфекција и не можел да ја облече чорапата. Гатузо да ти е кога ќе ти ја шлапне една.

Неславно деби на Вардар во Лига Европа

Европската есен за македонскиот шампион полошо не можеше да почне. Зенит допатува во Скопје како голем фаворит и тоа го покажа на моќен и убедлив начин. Вардар не мрдна и дури 5 пати ја вадеше топката од гол. Впечатокот е дека се работи за разлика во класи.

Германски марш во Лондон, Арсенал почна подоцна

Келн после неколку децении игра едно европско натпреварување. Од таа причина во овој град владее вистинска борба за карти. Вечерва играат со Арсенал и добиле 2.900 карти а тргнале 20.000 души за Лондон. Откако полицијата и редарите не можеле да се справат со нив, мечот доцнеше 1 час, а Келн поведе на самиот почеток со голот на Кордоба.

Нешто многу пенали во последно време во ЛШ

Минатата сезона биле досудени 53 пенали во Лига на шампиони, а тоа е повеќе од три пати за разлика од пред 10 години. Случајност или сменети критериуми?