За напаѓач од 85 милиони евра ова е срамно промашување

Со 7 гола на првите 7 меча во Премиер лигата, Ромелу Лукаку имаше одличен старт за Манчестер Јунајтед, арно ама на последните 7 средби им дадено само еден, а тоа кај Англичаните не проаѓа без жестоки критики и барања да го седнат на клупа. Истото му го прават и на Алиоски.

За навивачите на Манчестер несфатливо е напаѓач за кој се дадоа толку многу пари да го нема меѓу стрелците во ситуација кога Манчестер гази, а синоќа даде 4 гола на гости против Ватфорд.За следниот меч со Арсенал бараат да ја грее клупата. 

Свое објаснување за лошата форма на Лукаку даде и Мурињо во типичен Мурињо стил.

„Му заврши договорот и сега додека ја чека вистинската понуда игра со црни копачки. Мислам дека му е потребен нов бренд за да му даде вистински копачки и да му ги исплатат вистинските пари за да им се врати на головите“.

29 ноември 2017 - 14:21