Луѓето од ФК Жељезничар биле приморани да преземат итни мерки за да ги исполнат критериумите на босанската Премиер Лига во пресрет на 133. дерби со Сараево во неделата.
БиХ минатиот викенд ја обеле првиот зимски снег, па легендарниот стадион „Грбавица“ бил прекриен и не успеале да го исчистат во целост. Имало и снег и мраз па за да се познаваат топките, решиле да ги офарбаат со црвен авто-лак (спреј). Претходно снегот го чистеле со две лопати (ги изненадил во ноември) а линиите од теренот ги исцртувале со раце. Судијата Ирфан Пејтом дозволил ваква импровизација и дербито можело да почне.
Во меѓувреме делегатите од Босанскиот фудбалски сојуз побарале од Железничар да обезбеди видливи флуоресцентни топки за да може да се игра на таквите услови, но во клубот немале. Од друга страна, еден таков фудбал чини отприлика 200 евра па и не било баш паметно да се пазари воочи големото дерби.
На крајот „Жељо“ славеше со 2:1 со головите на Закариќ и Рамовиќ, а мала радост на гостите им донесе Рахмановиќ во самиот финиш.