Голот на Меси против Валенсија кој го нарекоа 'ghost goal' е топ тема веќе два дена и тоа не само во шпанските медиуми.
Грешката на судијата за непризнатиот гол до толку беше очигледна, што се огласи и една кладилница од Англија која реши да игра праведно со своите клиенти.
Тие одлучија да им ги исплатат сите добитни тикети на оние кои се кладеле дека Меси ќе биде прв стрелец.
„Како гест на добра волја и правда кон нашите клиенти, ние не само што ќе им ги исплатиме добивките на оние кои се обложиле на нерешено, туку и на оние кои типувале на победа на Барса“, стои во нивното соопштение.
Кладилницата решила да толку да игра фер, што за прв стрелец ќе исплаќа и за Родриго кој и донесе предност на Валенсија и за поништениот гол на Меси.
Какви цареви. Ова кај нас ќе го направат на свети никад.